20 работи за жените кои мажите никако не можат да ги разберат

Одамна е познато дека мажите и жените никогаш не можат целосно да се разберат. Овој пат ќе зборуваме за „женски работи“ кои секогаш ги бунат мажите, а мислиме дека и понатаму ќе ги бунат за наредните илјада години.Ова се некои од најинтригантните, несфатливите и најинтересните работи кои никогаш нема да им бидат јасни на мажите…
Префрлување на работите од една ташна во друга – и тоа постојано. Дали навистина им се потребни повеќе ташни?
Сите важни работи секогаш им се наоѓаат на дното од ташната. Зарем клучевите не би требало полесно да се пронајдат?
Потребни им се шест месеци да си одберат фризура. Помалку месеци се потребни за да се изгради мост.
Испробуваат се` и сешто. Сите големини, стилови…И затоа во секој бутик постои кауч за мажите што ги чекаат.
Освен тоа, од кога шопингот е заедничка активност? Што ќе им е воопшто мажот?
Зошто заминувањето во тоалет е прилика за дружење? Кога мажот мора да оди во тоалет, тој тоа го сфаќа како едноминутна медитација и не му треба ама баш никој да му го расипе тоа.
За што толку долго разговараат со пријателките преку телефонот? Нели се видоа пред три часа?
Виткач на трепки. Што? Тоа е оружје, зарем не?
Зошто им треба толку многу време за да се подготват за одењето во кревет? Зарем веќе не го усовршија процесот досега?
Зошто им е потребно толку многу време за да се подготват за излегување? 

 
Што ќе им се толку украсни перничиња на креветот? И така не ги користат!
Многу сакаат да зборуваат после сексот. Без оглед дали станува збор за маратонски секс или не, мажите се чувствуваат исцрпено. Истовремено, жените се подготвени за сериозна дебата. Како ли им успева тоа?
Признаваат дека романтичните комедии се предвидливи, но сепак ги гледаат.
Носат високи потпетици, иако знаат дека многу ќе шетаат. И тогаш тие очекуваат уште и сочувство од нас!?
Чоколадо – добро е, но не до толку.
Тампони. Хм, делуваат неудобно.
Полни ормари. Велат дека ги обожуваат чевлите, а ормарите им се полни со кошули, пантолони, сукњи, фустани. И пак немаат што да облечат.
Што е финтата со светките? Мислат дека ќе си ги загубат потпетиците ако не светкаат во мракот?
Гласот им станува превисок кога ќе здогледаат куче или маче. Тоа е за набљудување.
Мачки од интернет. Колку време можат да потрошат само за да ги гледаат?
Ова се некои од најинтригантните, несфатливите и најинтересните работи кои никогаш нема да им бидат јасни на мажите…
Префрлување на работ

Пронајдете не на следниве мрежи: