Дали знаете дека ротквиците благодарение на нивните позитивни својства врз здравјето се одгледуваат од пред повеќе од 3000 години во Кина, Египет, Јапонија, Рим и Грција?Особено се корисни за црниот дроб, желудникот, а помагаат за прочистување на крвта.
Покрај ова, добри 7 причини за да јадете ротквици се следните:
1. Го подобруваат варењето на храната.
Роткциците се природен чистач на дигестивниот систем, помагаат да се разгради и елиминира заостаната храна и токсините кои биле наталожени со текот на времето. Исто така ротквиците се корисни за намалување на надуеноста на стомакот и го олеснуваат варењето на храната. Се препорачува редовна консумација на ротквици кај луѓе кои имаат проблем со запек.
2. Превенираат вирусни инфекции.
Бидејќи содржат висока количина на витамин С и природни пречистувачки ефекти, редовната консумација на ротквици може да помогне при превенција од вирусни инфекции.
3. Ги елиминираат токсините.
Во источните и ајурведските начини на лекување се вели дека ротквиците се ефективни при разградување, елиминација на токсините и слободните радикали кои што предизвикуваат канцер. Содржат значајни ензими кои што го регулираат производството на жолчни киселини и билирубин. Тие се особено корисни при детоксикација на црниот дроб и жолчното кесе, така што ја зголемуваат елиминација на вишокот билирубин. Како природен диуретик, ротквиците овозможуваат полесно ослободување од токсините во бубрезите, кои што доколку не се излачат од организмот може да предизвикаат инфекција.
4.Штитат од канцер.
Исто како брокулата и зелката, ротквиците содржат фитонутриенти, растителни влакна, витамини и минерали кои го штитат организмот од канцер. Ротквиците содржат соединенија познати како глукозинолати, кои што ги штитат клетките од генетски мутации кои што предизвикуваат рак. Покрај тоа, богати се со антоцијани, кои се познати моќни антиоксиданси и ја даваат црвената боја на ртоквиците, а имаат антивоспалителни својства.
5. Ги смируваат болките во грлото.
Лутиот вкус и природната арома кои што ги поседуваат ротквици, помагаат за елиминирање на вишокот слуз во телото и може да бидат од особена корист при настинки. Ротквиците помагаат при воспаление на синусите и при болки во грлото.
6. Малку калории, а богати со хранливи материи.
Ротквиците содржат малку калории. Во една чаша ротквици има помалку од 20 калории, а се одличен извор на хранливи материи, растителни влакна кои го чуваат здравјето.
7. Го хидрираат организмот.
Благодарение на високата содржина на вода, витаминот С, како и фосфор и цинк, ротквиците помагаат за хидратација на организмот, а исто така даваат свеж и здрав изглед на кожата во текот на летото.
Особено се корисни за црниот дроб, желудникот, а помагаат за прочистување на крвта.
Покрај ова, добри 7 причини за да јадете ротквици се сл



