Редовното пиење на газирани пијалоци и густи сокови го зголемуваат крвниот притисокотРедовното пиење на газирани пијалоци и густи сокови го зголемуваат крвниот притисокот открија американските научници во болницата Грифин во Конектикат.
Истовремено се спроведуваа 12 студии на 410.000 луѓе. Луѓето кои ги пиеја овие сокови имаа од 26 до 70 проценти поголем ризик од хипертензија, вели извештајот направен за Daily Mail.
Овој ризик е уште поголем за млади, особено за оние кои пијат повеќе од три чаши сок дневно. За нив, ризикот е 87 проценти, според податоците од истражувањето.
Научниците велат дека газираните и засладените пијалоци влијаат врз намалувањето на нивото на азотен оксид, што предизвикува контракција на крвните садови и зголемување на крвниот притисок. Покрај ова, висок крвен притисок може да биде резултат и на сол во течностите. Газираните пијалоци во просек содржат 37-75 милиграми сол.
Газираните и засладените пијалоци треба да се избегнуваат, особено оние луѓе кои страдаат од хипертензија. Овие упатства треба да бидат дел од здравствените стратегии за да се намали ризикот од висок крвен притисок – велат истражувачите, предводени од д-р Хабиб Малик Аљибом.
Засладените и газираните пијалоци се поврзани со дијабетес, дебелина и болести на срцето.Редовното пиење на газирани пијалоци и густи сокови го зголемуваат крвниот притисокот открија американските научници во болницата Грифин



