По неколку пати во денот се случува да почувствувате потреба за храна и покрај тоа што пред малку се имате најадено. Дознајте како да ја препознаете лажната глад и да ја игнорирате на време.Станува збор за игра помеѓу два хормони, но тука учествуваат и други фактори. Лептинот е хормон кој ни кажува дека сме сити, а грелинот пак дека сме гладни.
Вообичаено кога сме ненаспани, лептинот опаѓа, а грелинот расте, па се создава чувство на глад и покрај тоа што сме јаделе неодамна.
Во таков момент напијте се чаша вода, па ако чувството на глад не исчезне, тогаш не станува збор за лажна глад.
Исто така, често ни се пријадува и по пиење алкохол. Алкохолот во крвта го намалува количеството на лептин, па затоа по добра пијанка ни се пријадува.
Избегнувајте да јадете пред компјутерот, бидејќи така мозокот се збунува и воопшто нема да регистрира дека сте јаделе, па набргу ќе ви се пријаде пак.
За да не јадете додатно на полн желудник, спијте доволно, пијте почесто вода и јадете си ги оброците во ист момент секој ден.Станува збор за игра помеѓу два хормони, но тука учествуваат и други фактори. Лептинот е хормон кој ни кажува дека сме сити, а грелинот пак дека см
Пронајдете не на следниве мрежи:



