Таа секое сабајле се буди во 2:30 часот и подготвува омлет од десет белки и една шака ореви. Еден час по будењето, таа става светилка на главата и во друштво со својот маж Колин (83), тргнуваат на трчање. По истрчувањето на 16 километри се враќа дома, а до 8 часот сабајле повторно оди да вежба во теретана. Ернестин Шепард има 77 години и е најстарата бодибилдерка на светот.
Иако нејзиното утро звучи како луда фитнес рутина на млад заљубеник во вежбањето, Ернестин вака се одржува со години. Таа следи ригорозен режим, кој подразбира пиење неколку шишиња со жолчки, што соодветствува на 1.700 калории. Покрај тоа таа јаде и белки, пилешко, овошје и зеленчук.
Уште една интересна информација за оваа жена е дека таа започнала да се занимава со бодибилдинг на 56-годишна возраст, заедно со својата сестра и најдобра пријателка Велвет, која мислела дека тие две би требало да му обрнат малку повеќе внимание на здравјето.
Нивниот сон беше да влезат во Гинисовата книга на рекорди како најстари сестри бодибилдерки. Меѓутоа, Велвет починала и сонот пропадна во вода.
Госпоѓа Шепард тешко ја поднела загубата на својата сестра и мислела дека ќе нема сили да продолжи понатаму. Престанала да вежба и почнала да страда од разни болести.
Завршив со висок крвен притисок, напади на паника и со висок холестерол по смртта на мојата сестра – раскажува таа.
Ернестин кажа дека една вечер нејзината сестра и се појавила во сон, со цел да и спомне дека треба да си го исполни ветувањето. Неколку недели подоцна, Ернестин стана од креветот и започна со ригорозно вежбање.
Подоцна станала професионален бодибилдер и победила на натпреварувањето во овој спорт. По таа победа во 2010 година, беше прогласена за најстарата бодибилдерка на светот од страна на Гинис. Иако веќе не ја држи таа титула можеби повторно ќе ја поврати, бидејќи не планира да застане.
Ги правам истите работи секој ден. Јадам на ист начин. Пијам 4 шишиња жолчки секој ден. Не пијам лекови за висок крвен притисок, за напади на паника, или киселини во желудник. Депресијата и анксиозноста ме напуштија, благодарејќи на шетањето и трчањето. – раскажува Ернестин.
Денес, таа има своја програма за вежбање во локалната теретана и има толку многу заинтересирани луѓе за вежбање со неа, што не можат сите да се соберат во салата.
Иако во нејзината група најмногу има жени, во последно време и мажите започнале да доаѓаат. Најстарата членка има 86 години, а сите велат дека вежбањето со Ернестин е многу повеќе од обично вежбање. Таа е вистинска инспирација.
Иако нејзиното утро звучи како луда фитнес рутина на млад заљубеник во вежбањето, Ернестин вака се одржува со години. Таа следи ригорозен режим, ко



