Фото:Погледнете како изгледа животот на 2 годишно девојче кое расте со родители наркомани

Руската фотографка Ирина Попова сакаше да направи контроверзна фотосесија во серијалот  „Поинакви семејства“ каде се прикажуваат оние семејства кои се наоѓаат во мрачната страна на РусијаФотографката била заинтересирана да го покаже животот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители кои се нарко-зависници, и во тоа успеала со нивна дозвола.
Сè започнало кога еден ден Ирина ја забележала пијаната Лила со нејзината ќерка на улица и ја прашала дали може да ги фотографира. По првиот контакт, Лила ја поканила да дојде ако сака да ги слика и во нивниот стан. Тоа ѝ се чинело интересно на Ирина, па веднаш прифатила.
Кога влегла во нивниот стан глетката била шокантна кога видела дека внатре е тотален хаос, но одлучила да остане две недели. Таму живеел и таткото на малото девојче, Паша.

 
Во станот постојано се случувале забави, чести расправии, но и многу силна љубов. Дури тоа може истовремено да се забележи и на една фотографија.
Станот им е агресивно уреден против културното општество, во панк стил.
Анфиса има целосна слобода, си игра со цигарите на мајка ѝ, се движи насекаде, па дури и на опасни места покрај прозорецот, добива храна кога ќе стигне нејзината мајка да и даде и оди секаде каде што одат и нејзините родители, по забави или по улици во секое време.
По некое време Лила поради расправија го напуштила семејството, а за нивната ќеркичка Анфиса продолжил да се грижи само нејзиниот татко.
Нејзиниот татко подоцна ја запишал во градинка, каде би требало да види позитивни примери кои ќе и помогнат во животот да знае да го одбере вистинскиот пат кога ќе порасне.

Фотографката била заинтересирана да го покаже животот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители кои се нарко-зависници, и во тоа успеала со нивна

Пронајдете не на следниве мрежи: