Џина Росеро е убава манекенка, родена на Филипини која повеќе пати во својата родна земја победувала на натпревари за убавинаЏина Росеро е убава манекенка,со совршен тен, прекрасна линија и убава коса.Но, таа крие тајна која сега одлучила да ја подели со светот по прв пат. Таа е родена како момче. Таа собрала храброст со светот да ја подели својата приказна, затоа што сака да ја подобри положбата на транссексуалците во светот.Како што вели, овие луѓе живеат под неверојатен притисок, а за тоа сведочи и фактот дека бројот на самоубиства е девет пати поголем кај овие луѓе, отколку кај остатокот од популацијата.Секогаш се сметаше дека полот е непроменлив, факт. Но сега знаеме дека всушност е многу комплексен и мистериозен. Поради мојот успех, никогаш немав храброст со светот да ја поделам мојата приказна, но не затоа што мислам дека ова што сум е лошо.
Иако одсекогаш се чувствувала како девојче, денот кога сфатила дека сака да биде модел и убава жена, дошол кога имала 15 години.„Кога имав 15 години и понатаму се облекував како момче, ја запознав жената која се вика Ти Ел. Таа е транссексуалка и организира избори за убавина. Таа вечер ме праша зошто не се вклучам во натпреварувањето, ме убеди да се пријавам, и таавечер бев втора придружничка од 40 кандидати. Тој момент ми го промени животот“На 19 години одлучила да направи голем чекор и да подлегне на операција за промена на полот на Тајланд. После тоа се преселила во Америка каде добила возачка дозвола, на која пишувало пол – „женски“.Сега вели дека секој ден е благодарна што е жена, но би сакала ситуацијата во нејзината заедница да се промени.Таа имала храброст со светот да ја подели својата приказна, затоа што има родители, пријатели и семејство кои ја поддржуваат. Но, нагласува дека немаат сите толку среќа.Сакам да дадам се од себе и да им помогнам на другите да ја живеат својата вистина, без срам и страв, вели Џина.
Џина Росеро е убава манекенка,со совршен тен, прекрасна линија и убава коса.Но, таа крие тајна која сега одлучила да ја подели со светот по п