Некои причини за непријатното чувство се јасни и веднаш видливи, додека други можат да бидат вешто прикриени зад разни заболувања или на изглед поради некои навики.Половина од светската популација има постојано чувство на замор. Во некои случаи сме си виновнисамите на себе, односно виновни се штетните навики кои сме ги присвоиле и кои не ги менуваме.
Дехидратација: “Дехидрираноста доведува до вртоглавица, мачнина и чувство на тромост“ вели Клер Харпер, специјалист за исхрана и укажува дека први знаци на дехитрираност се слабата концентрација, сувата кожа, сувата уста и темната урина. За да одредите колку вода му е потребна на вашиот организам поделето го бројот на килограми од телесната тежина со 30.
Анемија: „Поголем број од жените кои се жалат на замор, а не конзумираат доволно месо и мечни производи, прво ги праќам да проверат дали имаат анемија предизвикана од ниското ниво на железо“ објаснува д-р Крис Стил. Ако тестот за нивото на хемоглобинот и железото во крвта е нормален, а вие сеуште сте уморни тестирајте го и фетитининот, односно да се измери способноста да складира железо-советува Стил.
Неправилна работа на штитната жлезда: Штитната жлезна го лачи хормонот тироксин, кој го контролира метаболизмот и енергијата. Ако оваа жлезда не лачи доволно тироксин, ќе се осеќате уморно, а можете да добиете и некој килограм плус во телесната тежина, а се јавува и пореметување на расположението.
Д-р Стил советува, ако овој хормон е во нормална граница тогаш да се измери и хормонот што ја стимулира штитната жлезда TSH.
Алкохол: Доколку сакате да се напиете алкохол после напорниот ден, на пример една чаша вино за да се опуштите, знајте дека тоа негативно делува на сонот.
„Алкохолот во почетокот ја засилува хемиската гама-аминобутерната киселина во мозкот, која го контролира стресот и тензијата, ама ако секојдневно го стимулирате мозокот со алкохол, тој почнува да се потпира на него, а вие останувате напнати и не можете да заспиете“ објанува нутриционистката Шарлот Ватс.
Таа советува наместо вино да пиете витамин Ц за да ја намалите желбата за алкохол.
Недоволен сон: Научниците од Универзитетот во Калифорнија дошле до заклучок дека оптималната должина на сонот за жените е помеѓу шест и седум часа.Половина од светската популација има постојано чувство на замор. Во некои случаи сме си виновнисамите на себе, односно виновни се штетните навики к