Излечете ја болката со јога!

Не е тајна..Не е тајна дека јогата е дисциплина која има благотворен ефект на организмот во целина. Таа ја стабилизира душевната состојба и помага за наоѓање на внатрешниот мир. Освен тоа, ја затегнува мускулатурата и ги лекува болките во грбот, половината, стомакот и многу други.
Ако имате проблеми со спиењето, може да пробате да легнете на подот и да ја потретете нозете на ѕидот. Вашето тело треба да е во форма на буквата “L”. Одморете во оваа поза барем 5 минути и дишете длабоко. Убаво е да ја направите пред да си легнете.

Следнава јога поза помага против мамурлук. За да ја направите оваа поза треба да застанете со главата наместена напред паралелно на колената и да ја ставите помеѓу рамената, а рацете да ви се доближени една во друга. Колената треба да се благо свиткани. Препорачливо е да стоите така додека направите 20 полни и длабоки вдишувања и издишувања. Оваа поза помага за поттикнување на работата на бубрезите и црниот дроб, кои се оптоваруваат при консумацијата на алкохол.

Позата позната како мачка помага при болки кај предменструалниот синдром. Застанете на колена со потпрени дланки на подот. Вдишете длабоко и опуштете го стомакот кон подот. Потоа подигнете ги градите и 'рбетот нагоре. Убаво е да ја повторите 20 пати во секоја насока. Контракцијата и отпуштањето на стомачните мускули помага за надминување на болката.
Не е тајна дека јогата

Пронајдете не на следниве мрежи: