Четири грешки кои ги правите кога сакате да ги „стопите“ килограмите

Голем е бројот на луѓето кои кога започнуваат со слабеење, по првите неколку изгубени килограми брзо се охрабруваат и продолжуваат со диетата се додека да ја достигнат посакуваната цел. Но, зошто тогаш, и покрај измачувањето кое го истрпиле, повторно ги враќаат изгубените килограми а понекогаш и повеќе од оние кои ги изгубиле.А има и такви пак, кои се обесхрабруваат уште на самиот почеток и се откажуваат од диетата само што ја започнале.
Најрво, пред да се започне со диета, потребна е подготовка, посветеност и принципиелност. На секој човек треба да му е јасно дека пред да побара совет од диет клуб (или самостојно спроведување на режим), треба јасно да ја согледа целта пред себе и дисциплинирано да го исполнува диет-планот.
Задолжително треба да се познаваат механизмите на телото според кои тоа функционира. Зошто на пример, некои луѓе спроведуваат диета со месеци а не успеваат да ослабат? Масните наслаги едноставно не сакаат да се стопат! Зошто, и покрај нивната голема желба да ослабат, тие не успеваат во тоа? Одговорот е едноставен…Еве зошто:
1.Одредени оброци ги консумираат во големи количини бидејќи не содржат маснотии
И онаа храна која не содржи маснотии, сепак има своја калориска вредност. Искуството вели дека луѓето што се подложуваат на ниско-јаглехидратна диета, веруваат дека ваквата храна можат да ја консумираат онолку колку што тие сакаат, само затоа што таа содржи многу малку јаглехидрати или пак воопшто не содржи. Овој начин на размислување е сосема погрешен! Мора да се има контрола врз големината на порцијата и да се следи дневната калориска потрошувачка за да има ефект вашиот план за диета.
2. Погрешно поставена цел
Доколку сакаат да ослабат 15 кг, тоа е разумна цел. Но доколку овие килограми сакаат да ги изгубат за еден месец, тогаш ова веќе не е разумна цел. Најчесто вакви екстремни посакувања имаат луѓето пред некој важен настан во нивниот живот како што е: свадба, матурска, летен одмор и сл., кога сакаат да изгледаат убаво. Најдоброто губење на тежината е 1 килограм неделно, а не 1 килограм дневно. Секој што посакува да ги намали вишокот килограми мора да знае дека слабеењето од над 5 килограми месечно не е здраво. Секое нагло слабеење за краток временски период несомнено ќе се рефлектира врз општото здравје на организмот и може да доведе до тешки хронични заболувања.

 

3. Гладување
Гладувањето е уште една голема грешка што најчесто се прави. Поттикнати од втората грешка, многу пати луѓето за да го забрзаат процесот на слабеење, преминуваат на гладување. Меѓутоа, ова е една голема грешка!
Факт е дека ако не се консумираат доволно калории, метаболизмот по автоматизам ќе забави и со тоа организмот добива наредба да се заштити од прегладнување. Во периодот на гладување сите килограми што ќе се изгубат-потекнуваат од мускулно, а не од масно ткиво.
Жени на просечна возраст не смеат  да внесуваат помалку од 1000 калории дневно, а мажи со послаба физичка активност помалку од 1200 калории, освен ако тоа не го прават под лекарски или друг стручен надзор.
4. Повторно враќање на стариот начин на исхрана
На кој начин да се остане со посакуваните килограми откако слабеењето е постигнато? Една од најголемите грешки што ја прават луѓето, е нивното повторно враќање на стариот начин на исхрана, па дури и уште полошо: нивно наградување за постигната цел со дуплирање на килограмите. Тогаш најчесто, поттикнати од самодовербата дека ослабеле, се впуштаат неконтролирано во јадење затоа што сметаат дека сега имаат „празен простор за надополнување“. Еден многу важен аспект во остварувањето на животната цел – да се биде фит, е менување на животниот стил во исхраната, и водење сметка за изгледот и здравјето. Принципите на кои мора да се биде доследен, без исклучок не држат подалеку од вишокот на килограми.
Па, доколку сакате да почнете со диета, направете го тоа уште денес, но не заборавајте на овие неколку совети…А има и такви пак, кои се обесхрабруваат уште на самиот почеток и се откажуваат од диетата само што ја започнале.

Пронајдете не на следниве мрежи: