„Лекарите ме сметаа за раздразлива тинејџерка-а јас всушност имав рак на јајници“

Тажната приказна на една тинејџерка!Дваесет годишна студентка фрлена во рана менопауза, откако и ги отстранија јајниците. Третман: На крајот болеста беше откриена и Ејми започна со хемотерапија во Февруари и ја изгуби косата за помалку од еден месец. И покрај исцрпувачкиот процес на лекување низ кој помина, таа остана позитивна. Ејми Квин беше постојано преморена и имаше непрестајна/константна болка во левата страна. Но, нејзините симптоми не беа земени „здраво за готово“ и беа отфрлени од самиот старт, поради нејзината млада возраст, тврди таа. Покрај тоа, на крајот кај Ејми беше дијагностицирана ретка форма на рак на јајчник. Хирурзите мораа да и ги отстранат јајниците, јајцеводите и слепото црево. Ова за неа значеше дека таа мораше да помине низ менопауза на возраст од 19 години. Само една на три тинејџерки се јавува ова заболување и симптомите се опишуваат како преголем стрес, замор или спортски повреди.Тинејџерка, чии симптоми на рак беа постојано отфрлани и опишувани како „тинејџерска раздразливост“, проговори за нејзината тага поради фактот што таа никогаш нема да може да има деца. Ејми Квин од Глазгов, од крајот на 2011 година пошнала да се чувствува постојано уморна и страдала од непрестајна болка во левата страна. Но, на лекарите им беше потребна дури цела година за да ја откријат и дијагностицираат ретката и агресивна форма на рак на јајчници, болест што во телото на Ејми се проширила толку многу што беше неопходно да се отстранат нејзините јајници, јајцеводи и слепото црево – оставајќи ја неплодна на 19 години.

Ејми изјави за „MailOnline“: „Не беше лесно да ги убедам луѓето дека сум болна. Имав болки во левата страна кои никогаш не престануваа. Исто така, постојано се чувствував уморна и почнав да се откажувам од се` што сакам, како танцувањето и театарот. Отидов на лекар за да објаснам што ми се случува, но таа ги отфрли моите симптоми, третирајќи ме несериозно како да сум размазена тинејџерка.“ Со тек на време болките стануваа се посилни и посилни и стигнаа до точка каде што таа не можеше да стане од кревет. „Постојано земав лекови против болки, но тие веќе не ми помагаа“, вели Ејми, сега дваесетгодишна. „Исто така, многу почесто мокрев и сега знам зошто, бидејќи туморот го притискаше мојот мочен меур“.По пет посети, нејзиниот лекар призна дека таа може да има циста. „Но, јас не се согласував, вели Ејми, циста не би направила да се чувствувам толку чудно цело време, но докторката не ме слушаше“. Ова за Ејми било страшно фрустрирачко. „Пред околу две години, имав предавање на училиште за зголемување на свеста за ракот, па оттука знаев дека морам да продолжам да одам на лекар, доколку симптомите продолжуваа.“„Како што болката продолжи да напредува, бев испратена на скенирање кое покажа маса/страно тело, но и понатаму ми рекое дека е циста и дека не треба да се грижам за ништо“. Поради недостатокот на грижа во врска со нејзините симптоми, Ејми беше маркирана како слушај што не е итен и чекаше цели осум месеци на операција за отстранување на цистата.

Додека дојде времето за операција, во ноември минатата година, таа се чувствуваше полошо од кога било: „Му реков на хирургот дека имам сомнежи и за прв пат некој ме сослуша. Гледајќи назад, можеби токму овој разговор ми го спаси животот. Хирургот се согласи дополнително да ме надгледува за време додека беше покрај мене“. После операцијата, хирургот и објасни на Ејми дека ја отстранил цистата, но исто така, испратил на тестирање и некое друго ткиво, тврдејќи дека најверојатно станува збор за инфекција. Но, неколку недели потоа Ејми беше повикана на ургентно скенирање.„Им реков на моите родители дека мислам дека имам рак, но тие не ми веруваа и мислеа дека само драматизирам“, се жали Ејми. „Но, јас едноставно знаев – секој најдобро знае дека нешто не е во ред со неговото тело“.Вестите што следуваа беа катастрофални: „Се сеќавам само на последните зборови на хирургот кој рече дека имам рак – не се сеќавам на останатиот дел од средбата. Не можев да зборувам и се чувствував здрвено. Како може ова да ми се случува токму мене? Имав 19 години и бев преплашена. Се чувствував навистина осамено.“„Но, од друга страна ми олесна, бидејќи конечно добив правилна дијагноза, откако изгубив толку време обидувајќи се да ги убедам сите наоколу дека нешто не е во ред со мене“. Лекарите од Кралската Амбуланта во Глазгов и објаснија дека ќе и биде потребна дополнителна операција, закажана за Новогодишната ноќ. „Ми рекоа дека ракот најверојатно е со мали димензии, бидејќи не бил видлив за време на скенирањето. Тие не можеа да бидат во поголема заблуда!“

Операцијата откри дека Ејми има ретка форма на рак на јајчник наречен Серозен карцином со низок градус, па хирурзите биле принудени да ги остранат јајниците, јајцеводите и слепото црево, бидејќи почнал прекумерно да се шири. Радикалната операција значеше дека таа е фрлена во менопауза на нејзините 19 години и никогаш нема да може да има сопствени деца.„Се чувствував ужасно наеднаш да станам неплодна“, вели Ејми. „Отсекогаш сум сакала еден ден да имам семејство и никогаш немав време да зачувам јајце-клетки бидејќи моите јајници беа отстранети толку наеднаш. Само се сеќавам како лежам на одделот и плачам. Во мојата утроба никогаш нема да може да се зачне бебе, што се уште ме боли. Јас исто така ја поминав мојата менопауза на само 19 години, нешто штоп моите пријатели не се во можност да го разберат.“Во февруари оваа година, месец по операцијата, Ејми започна со шетмесечна хемотерапија. „Хемотерапијата беше тешка, станав многу болна и кревка и во рок од еден месец целосно ја изгубив косата. Бев Христијанка со години и ова доживување навистина беше предизвик за мојата вера. Постојано се прашував како грижливиот Бог можеше да ми го направи ова токму мене? Оовј пат тешко им беше и на блиските околу мене, но тие ми помогнаа да преминам преку се`. Се трудев да имам храбат израз на лицето за да ги задоволам сите околу мене. Нешто што навистина ми помогна беше мојата хемо-сесија во единицата за „Teenage Cancer Trust“ во Центарот за рак во Шкотска, западен Бетсон, каде што пациентите се на возраст од 16 до 24.“
Ејми ја има завршено својата терапија и е во ремисија. „Пресреќна сум што терапијата е завршена, но се уште ги чувствувам последиците од хемотерапијата, како што се проблемите со дебелото црево“. Таа цврсто верува дека доколку би била постара, нејзините симптоми би биле третирани посериозно.„Немам ни најмал сомнеж дека постара жена веднаш би била испитана дали има рак. Исто така, се сеќавам како докторите велеа дека јас сум премлада за да имам рак. Запознав многу млади луѓе во тинејџерскиот центар, кои поминале низ истово.  

Навистина, извештајот неодамна објавен од страна на „Teenage Cancer Trust“ покажува дека повеќе од една третина од младите луѓе со рак (37%) се дијагностицирани дури кога нивната состојба ќе стане аларманта. Ова е речиси три пати повеќе од бројот на возрасни дијагностицирани на овој начин. Повеќе од една четвртина (26%) од овие млади луѓе веќе биле кај својот општ лекар со своите симптоми на рак. Во извештајот, исто така, се истакнува дека дијагнозата преку „А & Е“ е поврзана со полош исход и нега.Околу седум млади луѓе на возраст од 13 до 24 секој ден се дијагностицирани со рак во Велика Британија и многу повеќе млади луѓе умираат од оваа болест, во споредба со кое било друго заболување. Прифатено е дека раното дијагностицирање на ракот кај возрасните води кон подобри резултати со справувањето со болеста, додека пак, кај младите е многу потешко да се дијагностицира болеста, бидејќи симптомите се многу слични со други помалку сериозни нарушувања и болести. Ова значи дека младите со рак, најчесто добиваат погрешни дијагнози, како што се инфекции, спортски повреди или предиспитен стрес. Ејми се врати на факултет и студира бизнис, обидувајќи се да продолжи со животот. Таа исто така е страстен поддржувач на подигнувањето на свеста за тинејџерските симптоми на рак. „Сакам да им потенцирам на луѓето на моја возраст да не ги занемаруваат постојаните симптоми. Бидете упорни, се` додека некој не ви поверува и не почне да ве третира сериозно.“
М.Р.Дваесет годишна студентка фрлена во рана менопауза, откако и ги отстранија јајниците. Третман: На крајот болеста беше

Пронајдете не на следниве мрежи: