Кои се најголемите митови за месечарењето?

Иако одењето во сон делува навистина опасно, посебно кај оние кои за прв пат се сретнуваат со тоа, научниците тврдат дека тоа е само мит. Научниците со анализи во последните 15 години успеале да дознаат неколку полу вистини за оваа заблуда.
Во однос на досегашните сознанија, месечарењето најверојатно е поврзано со генетиката, а повеќе од 80% од случаите, барем еден член од фамилијата во некој период од животот одел во сон, тврдат канадските научници.
Мит: Месечарењето во голем дел од случаите е опасно
Иако може да биде опасно, месечарењето најчесто трае кратко, така што месечарите не стигнуваат да се поврдат. Тие имаат поинаква перцепција за своите активност од оние дневните и се навистина вешти во избегнувањето на препреки во текот на месечарењето. Само во мал дел од случаите месечарењето трае подолго и може да биде навистина опасно, а некои од испитаниците дури и возеле кола во сонот.
Мит: Возрасните почести месечари
Месечарењето се смалува со текот на годините, а најчесто месечарат децата од 6 до 12 години. Во повеќе од 75 % од случаите одењето во сон кај возрасните личности престанува само по себе. Возрасните имаат полош сон отколку децата, а состојбата на длабокиот сон трае се пократко, по што епизодите на одење во сон се се поретки.
Мит: Луѓето кои месечарат не чувствуваат одење
Во текот на месечарењето деловите од мозокот можат да спијат во различно време, по што месечарите истовремено се и будни, и спијат. Токму поради ова, тие можат да се присетат на се, особено возрасните.

 
Мит: Се што прават месечарите, го прават без посебен повод
Иако месечарите прават одредени работи без некаква смисла, тие имаат свои причини. Иако тие причини не се секогаш нормални, месечарите се уверени дека тоа е она што треба навистина да го направат. Во еден случај при месечарење сопственикот го однел своето куче под туш, затоа што мислел дека тоа се запалило.
Мит: Оваа активност не влијае на будната состојба
Оваа активност навистина влијае на будната состојба, најчеста последица поради ова е недостатокот на сон големиот стрес, а повеќе од половина месечари навистина тешко функционираат и спијат кога и да имаат добра прилика.
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: