Од каде потекнуваат највкусните сирења во светот?

Традиционалниот фестивал на сирењето кој секоја есен се одржува во североисточниот италијански град Бра го отвора прашањето за потеклото на највкусните сирења во светот.
Ви ги претставуваме земјите каде можете да ги дегустирате сирењата за чиј специфичен вкус не треба посебно да се дискутира!
1. Кипар
Халуми е името на сирењето без кое не се сервира ниту една трпеза во Кипар. Станува збор за древен рецепт по кој се приготвува сирење со нежна текстура, речиси неутрален мирис и кисело – млечен привкус. Од 1999 година „халуми“ и официјално е признаен за национален продукт кој најчесто се пече или пржи посипан со ароматизирани трошки.
2. Данска
Фета – сирењето е специфичен вид за чие производство лиценцата ја поседува единствено Данска. За прв пат било произведено во далечната 1915 година и до ден денес се произведува од кравјо млеко. За да се образува карактеристичната сина обвивка на сирењето е потребено време од околу еден месец.

 
3. Велика Британија
Грофската месност позната под името Корнвол е популарна токму поради сирењето од коприва кое се карактеризира со остар вкус и мувлосан вид. Полутврдото сирење се приготвува од кравјо млеко според традиционална технологија и потоа се остава да отстои неколку месеци обвиткано со листови од коприва.
4. Швајцарија
Швајцарското сирење кое од останатите се разликува по големите дупки во него и класичниот млечен мирис се смета за крал меѓу вкусовите.
5. Италија
Италијанското сирење маскарпоне чија историја започнала во 16. век во областа Ломбардија се приготвува од најмасните видови на млеко поради што е многу калорично. Сирењето има кремаста текстура и често се употребува во десерти посипано со шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи: