Во кое време од денот изгледаме најлошо?

Истражувачите од Лондонскиот институт за интензивна медицина го утврдија времето од денот кога изгледаме најлошо. По низа истражувања и набљудувања на човековиот биоритам тие дошле до временскиот интервал во кој кај луѓето, а особено кај жените кожата изгледа најтмурно и се појавуваат темни кругови околу очите.
Конечниот заклучок на истражувачите гласи дека луѓето најлошо изгледаат од 16 до 17 часот како последица на намалувањето на количеството на шеќер во крвта и соодветно на тоа се намалува енергијата. Исто така како причина за лошиот изглед во ова време од денот се наведува и достигнувањето на критичната точка на работоспособноста како последица на целодневниот умор и стрес.
Сигурно се прашувате токму за спротивното на горенаведеното тврдење на истражувачите, односно кога изгледаме најубаво. Одговорот кој го нудат тие е дека најубави сме наутро потенцирајќи дека сонот е најефикасна козметичка процедура. Утринските часови овозожуваат најголема регенерација на клетките на кожата и тоа трае до 10 часот по што се зголемува лачењето на мастите и кожата ја губи свежината.
Х.Н.По низа истражувања и набљудувања на човековиот биоритам тие дошле до временскиот интервал во кој кај луѓето, а особено кај жените кожата изгледа н

Пронајдете не на следниве мрежи: