Какви негативни последици предизвикуваат гумите за џвакање?

Пет негативни последици од гумите за џвакање
Пред точно 165 години американецот Џон Куртис за првпат ја лансирал гумата за џвакање – мало, еластично и ароматизирано задоволство.
Какви последици во човековиот организам може да предизвика навиката за прекумерно џвакање мастики дознајте во продолжение!
1. Опасност од кариес
Многубројните реклами ја презенираат гумата за џвакање со значење еднакво на паста и четка за заби во едно кутијче мастики. Факт е дека таа ја чисти површината на забите, но не е толку моќна да ги исчисти недостапните места меѓу забите што е причина за појава на кариес токму на тие места. Освен тоа, одамна е познато дека сладкиот вкус на гумите за џвакање се должи на синтетичкиот засладувач аспартам (Е951) кој предизвикува низа негативни реакции во усната празнина.
2. Опасност од синтетичките засладувачи
Засладувачите кои ги содржат гумите за џвакање се опасни пред се поради тоа што се извор на состојката фенилаланин кој пак го нарушува хормоналниот баланс во организмот, а исто така доколку се таложи во поголеми количини може да биде причина за одредени болести. Затоа слатките гуми за џвакање не се препорачуваат за малите деца, бремените жени, дијабетичарите и лицата со нарушен процес на размена на материите во организмот. Фенилаланинот во САД се наоаѓа на списокот на забранети препарати поради тоа што низа истражувања покажале дека поседува канцерогени својства.

 
3. Ризик од појава на алергии
Докажано е дека дури и во најмалите количини на ароматизери и засладувачи останува дел од хемикалиите како последица на процесот на преработка и синтеза. Честата и прекумерна употреба на гумите за џвакање може да предизвика вишок на ваквите хемикалии во телото што е честа прична за различни алергиски реакции. Токму емулгаторот Е171 кој се среќава во составот на повеќето мастики е една од причините за алергија, додека пак уште поопасни се и слатките мастики за деца.
4. Промена на природните пропорции на лицето
Дали сте знаеле дека со постојано џвакање мастика лицето може да добие квадратна форма и дека токму оваа навика кај децата предизвикува измена на черепот во областа на челото. Честото дување на балони од мастиката за џвакање кај децата може да доведе до нарушување на функцијата за гризење на храна.
5. Ризик од гастритис и чиреви
Гумите за џвакање се особено опасни доколку ги џвакате на празен желудник. Со џвакањето се излачува желудочниот сок и доколку веднаш не се внесе храна во желудникот се појавува опасност од заболувања како што се гастритис и разни видови на чиреви на органите во системот за варење.Експертите препорачуваат мастиката да се џвака по секое јадење, но не подолго од 5 до 10 минути. Дури и постои спротивно мислење од она за мастиките дека се елиминатор на лошиот здив бидејќи по само неколку минути џвакање желудниот акивно започнува да ја вари храната како резултат на што повторно се појавуваат одредени непријатни миризби во усната празнина.
 Х.Н.

Пронајдете не на следниве мрежи: