Луѓето денеска живеат толку нездраво, заради што се 15 години ‘постари’ од своите родители или бабаи и дедовци кога тие биле на иста возраст, утврдиле холандските научници.
На младите генерации им се заканува поголема опасност од висок крвен притисок, шеќерна болест или гојазност во однос на постарите генерации заради лошата здравствена состојба на организмот, покажаа резултатите од истражувањето објавено во магазинот European Journal of Preventive Cardiology.
За време на истражувањето што траело 25 години биле опфатени 6.000 испитаници на возраст од 20,30,40 и 50 години и научниците утврдиле дека помладите генерации имаат полошо метаболичко здравје според редица параметри од крвниот притисок до тежината.
Истражувањето открило дека мажите на 30 годишна возраст имаат 20 отсто поголеми шанси да бидат дебели во однос на постарите генерации, додека жените на 20 годишна возраст имаат двојно поголеми шанси да бидат дебели во однос на генерациите жени пред десет години.
Крвниот притисок исто се покачи кај помладите генерации како меѓу мажите, така и меѓу жените, а поголеми се шансите за шеќерна болест кај младите во однос на нивните родители или бабите и дедовците.
Водичот на истражувањето Гербен Хулсеџ од холандскиот национален институт за јавно здравство и околина вели дека помладите генерации се 15 години постари во однос на претходните генерации.
„Неодамна родените генерации се многу полоши од своите предци”, додава Хулсеџ.
На пример, гојазноста кај најмладите генерации мажи и жени на просечна возраст од 40 години е слична на онаа која постарите генерации ја имаа на возраст од 55 години.
„Тоа значи дека младите генерации се 15 години пред постарите генерации и дека многу подолго ќе бидат изложени на гојазност”, вели Хулсеџ.
Експертите предупредуваат дека тоа укажува на потребата од одржување на здрава телесна тежина со охрабрување на физичка активност и избалансирана исхрана, посебно меѓу младите генерации.
Научниците откриле и дека заради падот на бројот на пушачи во побогатите земји, ќе почнат да се намалуваат болестите како рак на белите дробови, но просторот ќе го заземат болестите поврзани со гојазноста како шеќерната болест.
Исто така, можно е во иднината како рењзултат на сегашните трендови на гојазноста да се забави трендот на растот на очекуваниот животен век.
Луѓето денеска живеат толку нездраво, заради што се 15 години ‘постари’ од своите родители или бабаи и дедовци кога ти