Негативни мисли

Пред се треба да знаеме кои се и што се и како се создаваат негативните мисли.
Сите емоции кои ги препознавате или не ги препознавате, сеедно е, но ви се јавуваат како љубомора, завист, алчност, недостижност за нешто, инфериорност, и се она што ве прави помалку значајни, помалку атратктивни, помалку прифатени поради самите себе си или пак поради некој подоминантен, манипулативен, подрзок или пак самобендисан во ваше присуство. Сето ова може да создаде негативна мисла и лошо чуство.
Како да се справиме со ова и како да се надмине, но на сосема безболен начин е најнапред разбирањето на процесот кој настанува, како и интензивна работа на себе, но на правилен начин. Во спротивно создава девијатни процеси и исто такви карактеристики кои со тек на време стануваат карактерна црта на индивидуата која ги поседува.
Свесноста за сопстевите мисли е првото нешто што треба да сторите. Исто така со едноставен, базичен и неителектуален внатрешен „радар“ да ги следите процесите и состојбите кои настануваат во вашето физичко тело!
Секоја мисла е енергија! Затоа кога имаме некаква лоша мисла и таа самата си има енергија која е сосема различна фрекфренција од позитивната. Значи секоја мисла има сопствена фрекфренција и во зависност од количината на дразбата се генерира и количината на енергијата. Е ова воопшто не се гледа, ниту пак е измерливо, но секако сме сведоци на самите себе си за физиолошките промени во телото од налетот на некоја мисла! Ако некое момче види убава девојка веднаш се создава промена на физиолошкиот процес кој го чуствува во сопствениот енергетски систем. Станува наклонет и на вербален начин се обидува да воспостави комуникација. Но едновремено реагира и телото, но и енергијата. Во зависност од капацитетот на личноста, тоа го прави на софистициран, на суров, на дрзок или на многу суптилен начин. Е во зависност од оваа „акција“ има фидбек во вид на „реакција“.
На истоветен начин е и во обратна насока кога настанува негативна мисла, настанува процес на физиолошко ниво, потоа може, но и не мора да има вербална комуникација, но за сигурно индивидуата емитира сосема различна енергија од претходниот пример. Тоа го чуствува околината или објектот на кого е наменето (кој ја предизвикал ваквата негативна мисла), но доказ нема, а често и јасното чуство за негативната вибрација изостанува. Но за сигурно се осеќа напнатост, нелагодност, празнотија. Е затоа во вакви ситуации неопходен е оној невидлив, но многу моќен енергетски „радар“, кој го има во секој од нас.
Е ако препознавме кои се, што се и како се создаваат негативните мисли, колку и да ги покриваме, затскриваме, смешкаме (лицемерие), тие вибрираат со таа ниска вибрација и се распространуваат како „радијација после атомска бомба“.  Невидливо, подло, а генерираат многу девијации чии ефекти се чуствуваат со часови, денови, недели…., а често и многу подолго. Тие се шират во околината и со тек на време „инфицираат“ се околу себе, доколку нема доволно позитивни енергии или пак заштитни механизми или пак техники за прочистување, го менуваат полека, но сигурно генетскиот код кај човекот.
За да се справиме со лошите мисли (како сопствени или туѓи), заштитиме сопственото живеење од нив, но највеќе за да ги разнебитиме потребно е сознание и пракса која ќе ја пронајдете во Холистичкиот центар за Спиритуална Рехабилитација, со методите и техниките за филозофија на живеењето.
За да си помогнете себе си, информирајте се повеќе на следниот линк.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Пред се треба да знаеме кои се и што се и како се создаваат негативните мисли.

Пронајдете не на следниве мрежи: