Долгите викенд-забави, дружењето со пријателите и излетите ви носат многу алкохол. За жал, конзумирање алкохол има една многу незгодна последица – следното утро се чувствувате како да ве прегазил воз. Што можете да направите за да ви биде подобро?
Прекумерното пиење го пореметува централниот нервен систем. Алкохолот реагира со хемикалиите во мозокот при што настанува вртоглавица, главоболки и мачнина, а често доаѓа до повраќање и потоа до дехидратација. Цената на внесениот алкохол што ја плаќате изутрината е тешка главоболка, замор, жед, немирен стомак и ослабен имунитет.
Мамурлакот не разликува полови
Не претерувајте со алкохолот иако сте излезени на забава во женско друштво. Ако машко и женско испијат иста количина на алкохол, кај женското се поголеми шансите да ги почувствува ефектите на алкохолот. Тоа е така бидејќи мажите имаат поголем процент на вода во организамот и им помага да го разредат алкохолот што го пијат но и поголемо количество на алкохол дехидрогеназа. Кога жените ќе ја испијат истата количина, кај нив алкохолот се трупа во крвотокот.
Само тешкото пијанство може да доведе до мамурлак
Не мора да се испијаните до крајна фаза за да го почувствувате мамурлакот. Доволни се неколку пијачки за вие наредното утро да почувствувате главоболка и други симптоми на мамурлак. Пиењето на одредена доза вода помеѓу секоја пијачка може да ви помогне да се борите до дехидратацијата и да ги намалите последиците.
Виното е најслабиот алкохолен пијалок
Црвеното вино содржи танин, состојка која е позната дека предизвикува главоболки кај луѓето. Некои пијалоци како вискито се познати дека предизвикуваат тешки главоболки. Ако сте загрижени за тоа како ќе се чувствувате утрината, најдобриот избор за вас се пивото и чистите ликери, како водката и џинот.
Диеталните коктели се сигурни
Диеталните пијалоци можат да ви помогнат ако сте загрижени во врска со калориите, но не ако сакате да го избегнете мамурлакот. Истражувањата покажуваат дека мешавините со овошни џусеви и други алкохолни пијалоци кои содржат шеќер не предизвикуваат тежок мамурлак.
Виски пред пиво
Не е важен изборот колку количината. Стандардната доза на одредени различни пијалоци ја содржи истата количина на алкохол. Нека не ве лаже количината на некои пијалоци во врска со дејството на алкохолот.
Аналгин пред спиење?
Лековите против болки како аналгинот, кетоналот, бруфенот и други го достигнуваат своето најсилно дејство 4 часа по внесувањето, па нивното пиење пред спиењето нема да ви помогне многу. Не земајте ацетаминофен по пиење. Таа комбинација може да му наштети на вашиот црн дроб.
Алкохолот ви помага да спиете добро
Спротивното. Додека алкохолот може да ви помогне да заспиете побрзо тоа е сосема точно, но го нарушува квалитетот на вашиот сон. Тогаш вие не поминувате толку време во РЕМ фазите и можете да се разбудите во секое време. Ако сте претерале со алкохолот, мамурлакот може да удри доцна во ноќта и да ве спречи повторно да заспиете.
Клин со клин се избива
Повеќе алкохол наутро не прави ништо повеќе од одложувањето на мамурлакот. Најлошите симптоми доаѓаат кога алкохолот во крвта опаѓа до 0. Ако забележите дека не можете да функционирате без алкохол изутрината, треба да побарате лекарска помош во врска со зависноста од алкохолот
Кафето е лекот
Кафето води до дехидратација и може да го влоши вашиот мамурлак. По ноќта исполнета со алкохол, најдобро е да избегнувате се што е богато со кофеин наредниот ден. Наместо тоа, пијте вода и спортски пијалоци за да се изборите со дехидратацијата и да ги надоместите изгубените електролити, поготово ако сте повратиле.
Билките можат да помогнат
Британските истражувачи ги прегледале истражувањата каде биле вклучени таблети против мамурлак базирани на квасец и на екстракт од артичока. Беше докажано дека во нив не е најден никаков доказ дека тие делуваат. Друг британски тим од истражувачи пак најде суплемент кој потекнува од крушата и може да ја намали мачнината и жедта по мамурлакот, но не и главоболката. Значи останува само времето како најдобар лек.Долгите викенд-забави, дружењето со пријателите и излетите ви носат многу алкохол. За жал, конзумирање алкохол има една многу незгодна посл