4 совети за да го избегнете грипот

Грипот е заразно заболување за кое многу често се пишува. Ви презентираме 4 најважни совети за тоа како да го избегнете грипот оваа сезона.
Останете дома
Ако почувствувате симптоми на настинка, како што се болка во грлото и покачена температура – не одете на работа/училиште/факултет. Прво не се чувствувате добро и нема да ги завршите обврските како што треба, а второ постои голема шанса некого да заразите. На организмот му треба одмор и затоа останете дома, за доброто на сите.
Покријте ја устата ако кашлате
Вака ќе го намалите ризикот од заболување на некој друг што го дели просторот со вас. Ако веќе ја покривате устата, не заборавајте да ги миете рацете почесто.


Собири на јавни места
Избегнувајте собири на места каде што има многу луѓе на затворен простор и релативно висока температура. Ваквите собири се идеални за ширење на болеста. Значи избегнувајте забави во дискотеки, на пример.
Избегнувајте близок контакт
Држете растојание од останатите луѓе. Не е во ред да им се пикате на вашите сакани бидејќи многу лесно може да им ја пренете настинката/грипот. Објаснете му на партнерот дека не вреди да ја прележува болеста само за да ви докаже колку ве сака.
Извор. lady.mk
Грипот е заразно заболување за кое многу често се пишува. Ви презентираме 4 најважни совети за тоа како да го из

Пронајдете не на следниве мрежи: