Италијанската модна куќа Прада на суд, купувале кожа од млади крокодили

Италијанската модна куќа Прада наскоро ќе се најде на суд поради проблеми во врска со купување кожа од 700 млади и 26 возрасни крокодили.Тужбата против модниот гигант изнесува два милиона долари.
Прада влезе во судски проблеми откако фирмата „Капо-УСА“ (Capo-USA) откри како направила договор со неа за купување кожа од млади американски крокодили, која ќе се користи за изработка на егзотични модни додатоци.
Со помош на „Капо – УСА“, Прада нашла квалитетни одгледувачи на крокодили и со тоа ја олеснила испораката во фабриката „ГНП Пели“ во Италија.
„Капо – УСА“ биле платени за секој млад крокодил, а дополнително заработувале и од продажбата на кожа. Фирмата тврди дека самостојно превезле 726 крокодили на фармата на Прада во Луизијана, каде што се одгледуваат крокодили поради крзно и кожа.
Меѓутоа, „ГНП Пели“ наводно не ја платиле провизијата на „Капо – УСА“, со што е направена штета поголема од два милиона долари, што американската фирма ги бара преку тужба.
Прада побара предметот да се префрли во Федералниот суд во Флорида, а потоа и во Милано.Тужбата против модниот гигант изнесува два милиона долари.
Прада влезе во судски проблеми откако фирмата „Капо-УСА“ (Capo-USA)

Пронајдете не на следниве мрежи: