четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Македонија нема небезбедни домати од Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар.
Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките зеленчук кои се увезуваат и тие се пуштаат на пазарот исклучиво по добивање наод од извршени лабораториски испитувања со кои се потврдува дека не содржат пестициди или други штетни материи над максимално дозволените концентрации.
– Редовно се контролира и домашниот пазар, дистрибутивните центри, како и преработувачките капацитети. Дополнително, прометот со зеленчук се контролира во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овој тип производи, нагласуваат од АХВ.
Од почетокот на годинава досега, од Турција, Грција, Албанија и Италија се увезени 264 пратки домати во количина од 2.547.581 килограм.
Покрај редовните инспекциски контроли, согласно препораките на ЕУ, АХВ од 2012 година ја спроведува и Програмата за мониторинг на безбедноста на храната чија цел е одредување евентуално присуство и на концентрациите на контаминентите во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за у

Поврзани вести