Средба на министрите за култура на Македонија и Бугарија во Скопје

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со својот бугарски колега Вежди Рашидов, на која беа потенцирани одличните релации во областа на културата меѓу двете земји кои резултираа и со потпишувањето на Програмата за соработка во областа на културата за периодот 2015-2017 година, соопшти Министерството за култура.Министрите за култура потврдиле дека во изминатиот период се реализирани многубројни проекти и инцијативи кои ја унапредиле меѓуинституционалната соработка на установите во двете држави.
– Министерката за култура се осврна на континуираното присуство на бугарските уметници на реномираните манифестации во Република Македонија, како и многубројните претставувања на македонските уметници на интернационалните настани во Република Бугарија. Со посебно внимание Канческа-Милевска го потенцираше интересот на бугарските издавачки куќи за македонските автори што е подвлечен и со големиот број поддржани проекти во рамките на конкурсот за странски издавачи преку кој досега е поддржан превод на 23 македонски автори на бугарски јазик. Двајцата министри ја истакнаа и соработката на мултилатерално ниво, заедничките иницијативи во УНЕСКО, како и успешната работа на културно-информативните центри во двете земји, информира Министерството за култура.
Министерот  Вежди Рашидов на средбата информирал дека Бугарскиот културен центар кој функционира во Република Македонија, од јануари 2017 година ќе биде сместен во нови простории во центарот на Скопје. Во таа насока, како што е наведено во соопштението, Рашидов и Канческа-Милевска се заложиле новите простории да бидат отворени со голема изложба на млади и талентирани македонски и бугарски автори преку чие творештво ќе биде презентирана современата ликовна уметност на двете земји.
– На средбата беше искажана и политичка волја за одбележување на културно-историски настани од значење за Република Македонија, Република Бугарија и за другите земји од регионот. Канческа-Милевска и Рашидов се согласија дека пораките од ваквите заеднички настани не треба да внесуваат поделби и да ги оптоваруваат односите меѓу државите, туку дека треба да бидат во насока на негување на европските вредности.  На средбата министерот Рашидов и предложи на министерката Канческа-Милевска да се разгледа можноста за заедничко одбележување на битката кај врвот Кајмакчалан со поставување спомен-обележја од двете држави. Министрите за култура оценија дека е потребно заеднички да се надмине нелегалната ситуација настаната со поставувањето и уривањето на спомен-плочата на врвот Кајмакчалан, соопшти Министерството за култура.
Канческа-Милевска се заблагодарила за посетата и изразила уверување дека македонската страна со посебно внимание ќе ја разгледа бугарската иницијатива за поставување спомен-обележја на врвот Кајмакчалан, согласно со законските пропси во Република Македонија.Министрите за култура потврдиле дека во изминатиот период се реализирани многубројни проекти и инцијативи кои ја унапредиле меѓуинституционалната с

Пронајдете не на следниве мрежи: