Матица македонска слави 25 години постоење

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, на 5 октомври во 19 часот со пригодна свеченост, Книгоиздателството  „Матица македонска“ ќе ја одбележи 25-годишнината од постоењето.Матица  е основа на 24 август 1991 година и во изминатите години  има публикувано илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Република Македонија  и  во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуоеканските земји. За својата богата дејност оваа куќа е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот Матица денес членуват повеќе од четириесет илјади читатели.  Матица  е основа на 24 август 1991 година и во изминатите години  има публикувано илјадници наслови од најзначајните македонски писатели,

Пронајдете не на следниве мрежи: