17 септември, Битола – ИФФК „Браќа Манаки“ со задоволство Ви соопштува дека интернационалното жири за Главната компетиција Камера 300, во состав: претседател Федон Папамихаил и членовите Клер Пијман, Владимир Самоиловски, Алин Ташчијан и Ѓокан Тирјаки, одлучи дека лауреати на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“се: Кинематограферот од Финска, Јани Петери Паси е годинашен лауреат на Златна Камера 300, за филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“
„Тој создава една автентична и лирична атмосфера која ја обзема публиката и го доловува духот на времето и уникатното искуство на главникот лик.“ – се вели во образложението на жирито.
Јани Петери Паси сосем изненаден и со неверување ја прими наградата, со оглед на тоа што тој и неговата екипа за прв пат правеле долгометражен филм.
– Дали сте сигурни дека нема да ми ја земете? На церемонијата на отварањето сведочев перформанс каде што девојка со митралез покажуваше кон публиката каде што седеше и претседателот на Републиката. Тоа беше многу чудно, но уште почудно е тоа што јас добивам награда- рече Паси.
Добитник на Сребрена Камера 300 е Рубен Импенс од Белгија за филмот „Белџика“, —заради рефлексијата на интензитетот на чувства и бидејќи ни дозволува да влеземе во светот на ликовите преку енергичната кинематографија.
Рубен Импенс со голема емоција ја прими наградата, заблагодарувајќи и’ се на сопругата што го поддржувала во тешките моменти од неговата професија.
-Сакам да ги снимам луѓето на сцена, па навистина е тешко кога јас сум на сцената. Би сакал да и се заблагодарам на жена ми која е овде за сета поддршка што ми ја пружа, бидејќи ова не е регуларна осумчасовна работа и на моменти станува премногу напорно. Сакам да му се заблагодарам и на режисерот на „Белџика“ со кого сум добар пријател, како и на жирито што ми ја додели оваа награда – рече Импенс со многу емоција, додавајќи дека во Битола треба да се направи аеродром, за патото до фестивалот да биде пократок.
Бронзената Камера 300 ја доби Матијас Троелструп од Данска, за филмот „Бенг генг (Модерна љубовна приказна)“ – за прецизноста на неговиот младешки стил во хармонија со содржината која е истовремено и реалистична и соновна.
Троелструп се заблагодари за можноста да учествува на фестивалот, како и на жирито кое што му ја додели наградата.
-Балгодарам што ме поканивте на ова прекрасно место на кое што не сум дошол претходно. Среќен сум што бев дел од тимот на филмот иако не сум од Франција- рече Троелструп.
Добитник на наградата Мала Камера 300 од селекцијата на кратки филмови е кинематограферот Лука Коасин од Франција, за филмот „Паркот“- заради оригиналниот концепт и успешната реализација.
Федон Папамихаил, претседателот на жирито воедно ја доби и наградата Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Папамихаил емотивно и низ солзи се заблагодари за наградата и истакна дека уметноста е она што ги надминува сите препреки. Од име на фестивалот, наградата му ја врачи Роберт Насков, претседателот на Друштвото на филмските професионалци на Македонија, од името на фестивалот.
-По моето име може да забележите дека сум од Балканот, а тоа значи дека споделуваме заедничка историја. Нашата уникатна можност како кинематографери и уметници е тоа што можеме да ги преминуваме границите по пат на визуелно раскажување на приказни и на тој начин може да ги победиме сите препреки што ќе ни се појават на патот – рече Папамихаил и им се заблагодари на сите свои соработници, на жирито како и на директорот на фестивалот што го поканил на фестивалот во Битола.
Горјан Тозија, во име на друштвото на филмски професионалци од Македонија, наградата „Голема Ѕвезда“за исклучителни резултати во македонската кинематографија му ја додели на филмскиот продуцент Сајмон Пери.
-Сајмон Пери е човекот без кого македонската кинематографија немаше да биде ваква каква што е и немаше да го има својот најголем успех со филмот „Пред Дождот“. Тој го препозна Милчо Манчевски и потенцијалот на филмот и застана цврсто и самоуверено зад тој проект. Сајмон Пери е човек кој им овозможи на многу млади и непознати режисери да го остварат својот сон. Во тие турбулентни години за Македонија како држава, тој се бореше и како продуцент и како човек кој ја чувствува Македонија како своја земја- рече Тозија.
Сајмон Пери примајќи ја наградата истакна дека благодарение на Милчо Манчевски го развил интересот кон кинематографијата на овој дел од светот, а овде се чувствува како дома.
-Ви благодарам,навистина сум почестен. За разлика од Федон, не можам да тврдам дека сум од Балканот, но се сеќавам дека по една прес конференција некој ми рече „Мислам дека сте од Македонија, имате големи стапала!“ Сум продуцирал и копродуцирал филмови во многу земји, но благодарение на Милчо Манчевски интензивно се заинтересирав за филмовите кои се создаваат во во овој дел од светот и тој интерес со текот на времето стануваше се поинтензивен. Кога и да дојдам се чувствувам како дома и навистина ми претставува голема чест и задоволство да добијам награда од луѓето во овој дел од Европа- рече Пери. Кинематограферот од Финска, Јани Петери Паси е годинашен лауреат на Златна Камера 300, за филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Мак