Претставено жирито на 37. издание фестивалот „Браќа Манаки“

12 септември, Битола –  .ИФФК „Браќа Манаки“ на денешната прес конференција ја имаше честа да ги претстави пред јавноста овогодинешните членови на жирито, светски истакнати кинематографери и филмски критичари. Жирито во состав на четворицата кинематографери: Федон Папамихаел, Клер Пијман, Ѓокан Тиријаки и Владимир Самоиловска и филмската критичарка Алин Ташчијан го претстави директорот Благоја Куновски – ДореЗа принципот по кој ќе ги оценуваат филмовите, сите членови на жирито се согласија дека иако кинематографијата е нивна специјалност, визуелниот елемент на еден филм не може да биде пресуден за нивната одлука бидејќи не може да се цени одвоено од целината на филмот.
Членовите на жирито изјавија дека се почестени од можноста да соработуваат меѓусебно особено на ваков уникатен фестивал кој е еден од двата фестивали на светско ниво, кои што акцентот го ставаат на кинематограферите.
-Очигледно ова е уникатен фестивал со богата историја, кој донел елитни гости од светската кинематограферска сцена, а воедно и еден од двата фестивали во светот кои што им се посветени на кинематограферите. Ние како кинематографери ретко добиваме шанса да се собереме и да дискутираме за нашата работа и да разменуваме искуства за иднината на филмот – рече Федон Папамихаел.
Клер Пијман од Холандија,  рече дека одвај чека да ги погледне филмовите и да дискутира за нив со колегите од жирито.
Алин Ташчијан, филмска критичарка од Турција и претседателка на влијателната меѓународна асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, која до сега била членка на жиријата на многу истакнати фестивали, вели дека сликата е првото нешто што го забележува во филмот.
-Никој подобро од кинематограферите не знае што се случувало зад сцената при снимањето и тоа со еден поглед кон филмот. Со оглед на тоа што се наоѓаме во важен момент за историјата на филмот, во еден премин, заради брзиот развој на технологијата на снимање, која, од ден на ден се менува, од исклучителна важност е кинематограферите да им го пренесуваат своето знаење на помладите генерации со цел да се изградат нивните вкусови за вредноста на филмот – рече Ташчијан.
 
Владимир Самоиловски, еден од најистакнатите македонски кинематографери, рече дека му претставува голема чест да седи во ваков состав на жири, особено што го следел фестивалот уште пред 40 години кога почнал да работи како  снимател.
Во тек на фестивалот ќе се одржи и генералното собрание на Европската федерација на кинематографери – ИМАГО, во која што членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4.000 кинематографери од сите краеви на светот. На прес конференцијата беа присутни новиот претседател на ИМАГО Пол Роестад, кој го замени Најџел Волтерс, долгогодишен соработник на фестивалот „Браќа Манаки“ и генералниот секретар на ИМАГО.
Гостинка на фестивалот беше и младата режисерка Елиза Здру од Романија, која што го направи документарниот филм „Студија на случај: Браќа Манки“. Идејата да направи еден ваков документарец кај неа се родила на многу интересен начин. Елиза пронашла стара фотографија од своите предци, која иако немала потпис, многу потсетувала на стилот на браќата Манаки. Истражувањето околу семејната фотографија постепено се испреплетувало со приказната за животот и делото на браќата Манаки, а Елиза  документарецот, освен во Романија, го снимала и во Грција, Бугарија и Македонија.
– Пред околу две години го снимав документарецот на улиците на Битола, а сега ја имам честа тој да биде прикажан на филмскиот фестивал. Моето искуство при снимањето беше прекрасно, овде луѓето се многу топли. Знаете, на Балканот фактите варираат во зависност од тоа од кого ќе ги чуете, биејќи историјата е толку измешана. Но, во сите овие држави слушнав дека Браќата Манаки си припаѓаат единствено сами на себе, тие се пионери на кинематографијата на овие простори – рече Елиза Здру.
Гена Теодосиевска, уметнички директор истакна дека чест е да се има оваа оваа талентирана млада докуметаристка како гостин, а на Елиза и предвиде професионален успех заради нејзиниот студиозен и креативен пристап.
Веднаш по прес конференцијата, мастер класа за својата кинематограферска работа и за начинот на соработка со режисерите,  одржа Федон Папамихаил, кој е претседател на жирито и лауреат на специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.  Тој рече дека уште на почетокот на кариерата во Минхен се сретнал со Вим Вендерс и Роби Милер кои го мотивирале да стане филмски снимател. Тој никогаш не посетувал филмска школа, туку веднаш почнал да работи. Папамихаил говореше и за разликите помеѓу работата на големите холивудски продукции и нискобуџетните филмови.   
Традиционално, интересот на публиката е голем за отворените разговори со гостите на фестивалот.
Студентската програма, која оваа година на ИФФК „Браќа Манаки“ ја градат околу 40 студенти и вкупно 36 филмови од филмските академии од Белград, Тирана, Софија, Букурешт, Сараево, Солун, Цетиње, Загреб, Љубљана, како и студенти и професори од академиите од Скопје, Штип и од Тетово, денеска стартува во НУ Музеј и завод Битола.
Во наредните три дена ќе можат да се проследат мастер класите на оскаровецот Алан Старски, еден од најуспешните дизајнери на продукција од Полска и Карпо Година, словенечкиот кинематографер и режисер, еден од најважните претставници на југословенското филмско движење „Црн бран“. Исто така ќе биде организирана и дводневна работилница за минимализмот во филмската музика, што ќе ја реализира филмскиот и музички критичар Влатко Галевски.
Оваа програма, која се оддржува потпомогната од Амбасадата на САД во Македонија, ќе се обиде на едно место да ги покаже филмските видувања на младите режисери и кинематографери од академиите од регионот и ќе се обиде да создаде место каде ќе се разменува позитивна енергија и различни искуства на студентите. Студентите имаат слободен влез на сите проекции и настани на ИФФК „Браќа Манаки“, само треба да покажат индекс. Истото важи и за пензионерите.
Оваа година програмата Мак поинт,  Фестивалот ја посвети на македонската авторка и режисерка на наградувани документарни филмови Билјана Гарванлиева, која почина пред два дена.
Вчера вечер, селекторката на Документарната програма, Гена Теодосиевска по проекцијата на филмот „Следна станица: Утопија“ одржа отворен разговор со гртчкиот режисер Апостолис Караксис и продуцентот Марко Гастин.
Во Прес центарот на фестивалот, кој се наоѓа во битолскиот театар е отворено „Катче на Роби Милер“, каде може да се види изложба на фотографии поврзани со лауреатот на Златна камера 300 за животно дело. Софија Семенпеева е автор на концептот за овој фото – омаж на Милер.   
 За принципот по кој ќе ги оценуваат филмовите, сите членови на жирито се согласија дека иако кинематографијата е нивна специјалност, визу

Пронајдете не на следниве мрежи: