Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го најавува почетокот на 37. издание, закажано за утревечер (сабота), во 20 часот, во Центарот за култура во Битола, со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и на Данило Шербеџија. Се работи за македонско-хрватско-финска копродукција. На утрешната свеченост на отварањето на црвениот килим очекуваме да биде легендарниот Раде Шербеџија, харизматичмните Луција Шербеџија и Силвија Стојановска, актерите Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед.
А во Битола, на црвениот килим ќе прошета и младиот талент, 11-годишниот Давид Тодосовски, кој дебитира во главна улога во овој филм.
Сценариото е на Душан Јовановиќ и на Раде Шербеџија. Режисерот и косценарист Шербеџија играше и во праизведбата на текстот за истоимената драмска претстава во Загреб во 70-тите години на минатиот век. Асистент на режија е неговиот син Данило Шербеџија. Јовановиќ ќе и’ се придружи на екипата на филмот во Битола, а доаѓа и финскиот копродуцент Арто Халонен.
-Филмот „Ослободување на Скопје“ е мој сон. Тоа е најдобро напишан драмски текст на просторот на некогашна Југославија, чиј автор е Душан Јовановиќ, а во која и јас играв. Со неа имавме голем успех низ целата земја. Едноставно, приказната е фантастична. Цело време размислував, додека живеев во САД, како да направиме филм од таа претстава, која имаше успех и во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, за менталитетот, за музиката, карактерите на луѓето, за љубовта, вели Шербеџија, кој сценариото за филмот го напишал пред девет години.
Главниот лик во оваа приказна е Зоран, осумгодишно момче и низ неговите очи се прикажуваат суровите сцени на војната, сликите на сиромаштијата и страдањата за време на окупираното Скопје. Таткото на Зоран е заминат во партизани, истовремено се случува љубовна драма помеѓу мајката на момчето и еден германски офицер…
Директор на фотографија е Дејан Димески, Влатко Стефановски е автор на музиката за филмот. Монтажа – Николас Гастер, Дизајн на продукција – Иван Бартлинг, Костимографија – Жељка Франуловиќ.
Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола. Продуцентски куќи: „Партизанс“, „Lijeni film“, „Art Flms Production“, „MP filmska produkcija“. Копродуценти: „Кино око“, F&MЕ, YLE.
На свеченото отворање на фестивалот, на Оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена Златна Камера 300 за животно дело, а писмо од Роби Милер, ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за него. На Милер, кој не може да пристигне во Битола од здравствени причини, Златната камера 300 за животно дело, директорот Благоја Куновски и Гена Теодосиевска, уметничкиот директор на фестивалот, му ја врачија во Амстердам на отворањето на големата ретроспективна изложба посветена на неговата работа.
Со задоволство соопштуваме дека Оскаровецот Џон Сил денеска ќе биде во Битола. Австралискиот и светски познат кинематографер, кој годинава е главна ѕвезда на фестивалот „Браќа Манаки“, во Македонија пристигна пред официјалното отворање и времето го искористи да отиде и до Св. Пантелејмон, тој заинтересирано слушаше за историјата на оваа древно културно богатство, а беше воодушевен од Страта чаршија. Сил заедно со неговата сопруга Луиз се љубопитни да дознаат за историското наследство и културните богатства на Македонија.
Се работи за македонско-хрватско-финска копродукција. На утрешната свеченост на отварањето на црвениот килим очекуваме да биде леге