По повод нашиот најголем национален празник Денот на независноста 8-ми септември Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе оддржи концерт во Делчево со наслов Пицикато. Концертот е со почеток од 19.30 часот и ќе се оддржи во сала на спомен дом АСНОМ.
На програмата се теми од класичните автори како Ј.С. Бах, П.И Чајковски, Л.В. Бетовен, Ј. Брамс и други автори од класичната музика ,како и традиционални македонски фолклорни теми , обработени во современ кросовер стил.
Досега Пламенка Трајковска креираше голем број на концерти и проекти во кои основна цел е доближувањето на класичната музика до најшироката публика. Таа е автор на единствениот носач на звук албумот Апасионато на кој се наогаат 11 композиции со теми од класичните автори како и македонски фолклорни теми. Минатата година по повод нашиот најголем национален празник Пламенка Трајковска го промовирше синглот Ој девоче.
Од почетокот на годината Пламенка и нејзиниот тим кој работи под заеднично име Пламенка Трајковска – мали камерни состави, реализираа концерти во Скопје, Кичево, Штип, Велес, Крушево, Дојран, Новаци, Кривогаштани и Пробиштип со програми наменети за доближување на класичната музика до најшироката публика и концерти со класична музика наменети за децата.
Концертот во Делчево е поддржан од Министерството за култура со националната годишна програма за 2016 година.Концертот е со почеток од 19.30 часот и ќе се оддржи во сала на спомен дом АСНОМ.
На програмата се теми од класичните автори како Ј.С. Бах,