37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

37-от Интернационален фестивал на светските кинематографери „Браќа Манаки“ – 2016, наградата за животно дело ЗЛАТНА KАМЕРА 300/GOLDEN CAMERA 300 му ја доделува на холандскиот и светски кинемотографер  РОБИ МИЛЕР/ROBBY MULLER.Роби Милер е роден на 4 април 1940 година во Curaçao, Холандски Антили. Во 1953 од Индонезија се преселил во Амстердам, Холандија, каде од 1962 до 1964 година студирал на Холандската филмска академија, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер и режисер на реклами и кратки филмови.
Во 1969 година го снима филмот “Summer in the City“, првиот долгометражен филм на режисерот Вим Вендерс, со што почнува нивната долга и плодна соработка. Плод на таа соработка се филмовите како THE GOALKEEPER FEAR OF THE PENALTY (1971), ALICE IN THE CITIES (1973),  PARIS, TEXAS (1983) и други.
Понатаму се’ е филмска легенда. Го нарекуваат „Маестро на светлината“ и  инспирација на режисерите како Вендерс, Џармуш, Фридкин…Тој ги снимил дел од најазначајните филмови од опусот на Ларс фон Трир како BREAKING THE WAVES (1995) и DANCER IN THE NIGHT (1999). Во неговиот опус има кинематограферски ремек дела во црно – бела техника.
За својот авторски пристап кон бојата во филмот ќе рече:
„Денес се прават многу филмови каде што бојата навистина не е неопходна, но немате избор, бидејќи дистрибутерите бараат боја, за да можат да го продадат филмот.
Секогаш со режисерот имам еден вид „мисловна вежба“-  Зошто не во црно – бела техника? или Зошто не во боја? Така, кога ќе си објасниме самите, знаеме каде да обрнеме повеќе внимание, бидејќи ако правите такви филмови, какви што, генерално, јас ги правам,  тогаш бојата може да даде премногу информации. Филмот „Alice in the Cities“ (1973), на пример, ако беше снимен во боја, ќе беше многу лош филм. Исто важи и за “Down by the Low“ (1985), ќе имавте премногу инфрмации насекаде и тие ќе ве одвлечеа од тоа што сакате да го кажете.
„Alice in the Cities“, оригинално беше планиран да биде во боја. Дури имавме и спонзор, тоа беше „Polaroid“, кој таа година ја произведе камерата SX-70 и ја изложи на Саемот  во Флорида. Тие се согласија да не’ спонзорираат. Но, кога дискутиравме за тоа со Вим, му реков – ова нема да биде добро во боја,  малото девојче ќе биде сосема изгубено во тој егзотичен, бучен Њујорк. „Polaroid“ подоцна се согласи, тие не го повлекоа спонзорството.“ (Од интервјуто со Lindsey Amos, во Сиднеј, Австралија 1993.)
Награди: “BUNDESFILM PRAIS” (1975, 1983 и 1991). “BAYERISHER FILMPRAIS” (1985,  за Paris Texas) , NYFCC AWARD (1996), “ROBERT AWARD” (1997 за Breaking the waves), “GOLDEN FROG” (1996, 1999, 2000)  BROTHERS MANAKI IFF SPECIAL GOLDEN KAMERA 300 (2002), MARBURGER KAMERAPREIS (2003) DKP EHRENKAMERAMANN (2005) CAMERAIMAGE LIFETIME ACHIVEMENT (2006), Bert Haanstra Oeuvreprijs (2008) AMERICAN SOCIETY OF CINEMATOGRAPHERS за животно дело (2012)Роби Милер е роден на 4 април 1940 година во Curaçao, Холандски Антили. Во 1953 од Индонезија се преселил во Амстердам, Холандија,

Пронајдете не на следниве мрежи: