Шведска изложба на портретни фотографии „AccessAbility“ на Мајските Оперски Вечери

Посетителите на овогодинешните Мајски Оперски Вечери ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на портретни фотографии „AccessAbility“ од фотографот Маркус Марчетиќ.Изложбата која е продуцирана од Шведскиот Институт, во Македонија ја донесе Амбасадата на Кралството Шведска. Истата има за цел да раскаже приказни на 14 лица со попреченост, од Шведска, преку моменти од нивниот личен живот и секојдневие.
Инклузијата на овие луѓе во општеството, како правото на достоинствен живот без оглед на попреченоста, е тема на која се осврнува фотографот. Личните приказни во изложбата треба да предизвикаат дијалог и да ја зајакнат интернационалната соработка во тој поглед.
Фотографиите ќе бидат поставени во холот на Македонската Опера и Балет за времетраење на Мајските Оперски Вечери. Изложбата е помогната од софтверската компанијата Сеавус®, која во соработка со Амбасадата, ги претстави овие моќни фотографии до публиката.
Изложбата  е дел од еден поголем проект за подигнување на свеста за инклузијата на лицата со попреченост. Имено, во изработка е и втор дел, а кој ќе биде претставен наесен, во кој ќе бидат портретирани Македонци и нивните животни приказни.
Изложбата која е продуцирана од Шведскиот Институт, во Македонија ја донесе Амбасадата на Кралството Шведска. Истата има за цел да раскаж

Пронајдете не на следниве мрежи: