Со изложба на графики од Љубе Алексовски и промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.Во спомен домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи литературен омаж на Никола и Софија Незлобински – промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш.
Изложбата на графики од Алексовски ќе биде отворена во галеријата „Вангел Коџоман.
Во рамките на политиката на Музејот за отвореност и достапност кон сите граѓани, на Денот на музеите влезот ќе биде бесплатен за сите поставки.
Музејот „Др. Никола Незлобински“ од Струга за посетителите е отворен од вторник до петок од 1 мај до 1 октомври.Во спомен домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи литературен омаж на Никола и Софија Незлобински – промоција на збирката раскази „Ник