„Вовед во филозофијата на Злото“ на Меди Белаж Касем

Меди Белаж Касем е самоук француски филозоф со туниско потекло, роден во 1973 год., во Париз.Кариерата ја започнува како романсиер, пред да му се посвети на пишувањето на филозофски дела. По десетгодишна заедничка работа со познатиот француски филозоф Бадју, во 2011 год. тој го издава делото „По Бадју“. Со ова дело, Касем официјално раскинува со филозофијата на Бадју, во која тој ги гледа грешките на традиционалната филозофија, којашто по Платон изгради доминантна линија на следбеници.
Оттогаш, Касем воспостави нов филозофски систем наречен „духот на нихилизмот“, преку кој тој го поставува заборавеното прашање од страна на традиционалната филозофија (и од Бадју): прашањето за Злото.
Како следбеник на современиот филозофски правец, Касем врши деконструкција на идејата за нихилизмот. Наспроти сите филозофии, во чиј центар се наоѓаат поимите на Доброто, Идеалното и Вечното, во основата на модерната филозофија се поставува прашањето за местото на Злото, особено таму кадешто се работи за страдањата на човекот, при масовните уништувања, кадешто бројни филозофи гледаа само реализацијата на Идејата.
Касем ја основа и филозофијата на плеонектика, еден сосем нов филозофски термин, во чија основа се наоѓа желбата за акумулација и поседување повеќе од другиот и доаѓа од грчкиот збор pleonexia. Касем е автор на повеќе дела и есеи, меѓу кои: „Естетика на хаосот“, „Случка и Повторување“, „Зачеток на „Духот на нихилизмот““, „Антисколастичен манифест“, „Иронија и вистина“, „Духот на Нихилизмот, онтолигија на Историјата“, „По Бадју“, „Опера Мунди“, „Конспирација на Тартуфите“, „Битие и сексуација“, „Алгебра на трагедијата“, „Трансгресија и непостоење, филозофски речник“, „Арто и Теоријата на завера“.
СРЕДА 16 ДЕКЕМВРИ 2015, 19:00 ч. | ЕУ ИНФО ЦЕНТАР Со симултан превод организиран од Францускиот институт во Скопје.
ЧЕТВРТОК 17 ДЕКЕМВРИ 2015, 19:30 ч. | КАФЕ-КНИЖАРНИЦА „МАГОР“ ПРВ ФРАНЦУСКИ ФИЛОЗОФСКИ КАФЕ-КЛУБ „РАЗГОВОР СО МЕДИ БЕЛАЖ КАСЕМ“ (Порта Буњаковец лок. 23).Кариерата ја започнува како романсиер, пред да му се посвети на пишувањето на филозофски дела. По десетгодишна заедничка работа со познатиот францу

Пронајдете не на следниве мрежи: