четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пролетна салата за темелно чистење на телото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По долгите зимски денови конечно доаѓа пролетната сезона. Деновите се сè подолги и потопли, но без оглед на убавото време кое нè очекува, во текот на првите денови од пролетта многумина чувствуваат умор и главоболки, а некои дури имаат и проблем со дигестијата.

Тоа е обично последица на намалениот внес на свежо овошје и зеленчук, како и консумирање на храна која потешко се вари во текот на зимските месеци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Токму затоа од големо значење е да го поттикнете метаболизмот и да го исчистите од наталожените токсини, а пролетта е идеално време за тоа.

За време на детоксикацијата треба да внесувате повеќе овошје и зеленчук, а оваа пролетна салата е идеална за тоа. Сите нејзини состојки спаѓаат во категоријата на детокс намирници, а преливот од маслиново масло, лук, лимон, ѓумбир и куркума, освен што го чисти организмот, го поттикнува и губењето на вишокот килограми.

Состојки:

2 шолји варен бел грав, половина главица марула, една свежа црвена пиперка и едно авокадо.

За прелив: ¼ шолја маслиново масло, 1 чешне лук, свежо исцеден сок од половина лимон, парче корен од ѓумбир, една лажичка хималајска сол и половина лажичка куркума во прав.

Припрема:

Во еден сад, направете го преливот за салата – помешајте маслиново масло, сок од лимон, сол и куркума, а потоа додадете го ситно ренданиот корен од ѓумбир и изгмечениот лук. Помешајте и оставете настрана.

Во друг сад, ставете го белиот грав, зелената салата исечкана на ленти и црвената пиперка и авокадо на парчиња. Потоа, додадете го преливот и добро промешајте.

Пред консумирање, додадете една лажичка сусам во салатата и уживајте!

Поврзани вести