Колумна на Филип Петровски: Паљачото во одбрана на десницата од дервишот.

Паљачото на македонската новинарска сцена, кој што истата ја контаминира скоро три децении ме нарекол дервиш на македонската десница. Па, па, па, тешки зборови? Не би рекол. Човекот сакал да постигне дејство и се загубил во обидот. Толку. Нити знае очигледно што значи дервиш, нити постигна дејство затоа што е повеќе од исплукан. Не знам дали знае како Македонците гледаат на него или пак што мислат за неговото делување?
Но, за мене неговиот обид не е ништо ново. Ме исплука прв пат уште во 1997 во тогашен ФОРУМ (се си чувам во архивата за да знам како им се „развива“ мислата), неделник ли беше, месечник ли беше, што и тогаш му се финансираше од сомнителни извори од БЦ, а и од странците. Едно мора да му признам, тој како и другите „ангажирани“ креатори на јавното мислење по нарачка е КОНСИСТЕНТЕН. Му смета десницата , му смета ВМРО и тоа цело време. И си работи. Си зема пари, си исполнува. Цело време. За мене, а и за Вас верувам, ова не е ништо ново. Го знаеме сите ПАЉАЧОВО.
Има само една работа што ме зачуди. А тоа е што зеде со сите сили да го фали Мицковски. Конечно му се погоди? Или конечно успеаја да го стават ВМРО под контрола, па знаејќи дека му е катастрофален рејтингот земаа да го оправаат со масовна пропаганда? Нема да дадам одговор. Туку ќе ви најавам уште еден текст деновиве. Знаете дека имам што да кажам. Па ќе му одговорам на ПАЉАЧОТО и за заговори и за оговарања и за соработки со странски амбасади и за 27 април и за неговата улога. А и за мојата, онаа што сака да ми ја припише. Паљачо едно да разбереш – се што сум правел, правам затоа што верувам дека е исправно и во интерес на МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. Онаа држава што ти по секоја цена се трудиш да ја растуриш.
2 мај 2018 – д-р Филип Петровски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.