Поп-пејачката Ријана ја откри единствената работа заради која жали во животот, и сигурно не е она што очекувате.
Додека повеќето луѓе најмногу жалат поради влегувањето во одредена љубовна врска, „лошата девојка Рири“ пткри дека се кае поради еден свој аутфит на црвениот килим.
Имено, во 2014 година, ѕвездата од Барбадос ги вжешти социјалните мрежи кога се појави на доделувањето модни награди CFDA во прекрасен фустан кој беше целосно опточен со сваровски-кристали.
Иако ова нејзино издание остана запаметено како еден од најдобрите модни моменти, Ријана открива дека посакува една работа да ја направела поинаку.