9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

1. Лесни кардио вежби
Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ја намалуваат телесната тежина.
Го подобруваат здравјето на луѓето пред развивање дијабетес.
Помагаат во градењето мускулна маса повеќе од интензивните тренинзи.
2. Златно млеко
Куркумата му дава на млекото златна нијанса, па од овде доаѓа и името. За да се осигурите дека правилно ќе се обработи, додајте и малку бибер. Куркумата е одлична за вашето здравје поради неколку причини:


Ги штити невроните и го спречува проблемите со мозокот.
Ја спречува реумата.
Го штити срцето благодарение на антиоксидансите.
Ги ублажува симптомите на депресија.
3. Вертикален фитнес
Овој начин на вежбање ја подобрува издржливоста и координацијата. Постојат неколку видови воздушен фитнес и сите до еден се навистина интересни. Можете да пробате воздушна јога, танцување на шипка и слично.
4. Органско вино
Грозјето се наоѓа на листата на најзагадено овошје – 96% од продуктите содржат траги од пестициди. Органското вино се произведува од грозје одгледано без пестициди. Тоа содржи важни антиоксиданси и не е штетно за вашето здравје. Кога купувате органско вино, добивате производ направен од грозје одгледано на природен начин што содржи малку сулфати. Ако виното е органско, на него ќе има сертификат.


5. Адаптогени
Адаптогените се печурки и тревки кои го намалуваат стресот. Овде спаѓаат рузмарин, гоџи бобинки, спирулина, ѓумбир… Тие се користеле со векови во кинеската медицина, а нивните корисни својства се и научно потврдени. Тие ќе ви помогнат во неколку нешта:
Ја одржуваат концентрацијата кога сте изморени.
Ги намалуваат последиците од стресот.
Ја зголемуваат вашата ефикасност и го подобруваат расположението.

Пронајдете не на следниве мрежи: