1. Овес и путер од кикиритки
Овесот е еден од најздравите зрнести плодови. Не само што нема глутен, туку е и одличен извор на витамини, минерали, хранливи влакна и антиоксиданси. Хранливите влакна што ги содржи го намалуваат холестеролот и нивото на шеќер во крвта и даваат чувство на ситост.
Путерот од кикиритки е околу 25% протеини, па тој е одличен растителен извор на протеини. Покрај тоа има малку јаглехидрати и многу здрави масти. Ова го прави одличен за луѓе со дијабетес тип 2 и оние што внесуваат малку јаглехидрати.
2. Моркови и путер од сусам
Морковите имаат само 10% јаглехидрати и содржат скроб, хранливи влакна и едноставни шеќери. Покрај тоа тие се одличен извор на витамин А, неколку Б витамини, витамин К и калиум.
Путерот од сусам исто така е богат со многу витамини и минерали. И тој е добар растителен извор на протеини што го прави погоден за вегани и вегетаријанци. Хранливите влакна во путерот од сусам го намалуваат бројот на внесени калории, со тоа поттикнувајќи го слабеењето.

3. Спанаќ, јаболка и ѓумбир
Спанаќот има малку јаглехидрати, но многу хранливи влакна, каротеноиди, витамин Ц, витамин К, фолна киселина, железо и калциум. Покрај тоа помага во регулирањето на крвниот притисок.
Јаболката се 85% вода, па имаат мал број калории. Тие се богати со хранливи влакна кои го намалуваат апетитот. Исто така тие помагаат во контролирањето на шеќерот во крвта, ја подобруваат функцијата на мозокот и го намалуваат и ризикот од рак.
Наводно ѓумбирот го поттикнува празнењето на стомакот, а ова е одлично за луѓето што имаат проблеми со дигестијата.
4. Смокви и бразилски ореви
Смоквите имаат малку калории и немаат масти, па се совршена замена за нездравите ужини. Богати се со хранливи влакна и антиоксиданси.
Бразилските ореви го намалуваат холестеролот. Тие се добар извор на антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот и метаболизмот. Честото консумирање може да ви помогне во слабеењето бидејќи ќе се чувствувате сито.

5. Ананас и сок од лимета
Ананасот има малку калории и многу вода, па ова го прави совршен за слабеење. Богат е со хранливи влакна кои го подобруваат варењето на храната.
Лиметата има неколку корисни хранливи материи кои ја намалуваат телесната тежина и консумирањето храна. Бидејќи содржи цитрична киселина, го забрзува согорувањето на мастите поефикасно од другата храна.
6. Јајца и авокадо
Авокадата имаат многу хранливи материи и помагаат во одржувањето на телесната тежина.



