9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтино

Обидувајќи се да ги следат модните трендови, многу жени забораваат дека познатиот и скап бренд не е исто што и добар модел на чевли. Ако сè уште носите превисоки, неудобни чевли или чевли со чуден дезен, овие совети ќе ви се најдат.
1. Премногу светкави детали


Скапите фустани декорирани со камења можат да изгледаат навистина добро. Но, чевлите со премногу светкави детали изгледаат чудно. Исто така, кристалите што се користат на чевлите се со слаб квалитет и често можат да паднат дури и по првото носење. Ако навистина сакате светкави обувки, одберете некои со металик нијанса.
2. Екстремно високи чевли со платформа


Некои жени сакаат да носат чевли со висока платформа. Но, без разлика колку ќе платите за нив, овие чевли никогаш нема да изгледаат скапо или елегантно. Високата платформа ја менува пропорцијата на целото тело и прави да изгледате чудно. Најдобро е да одберете чевли со многу мала платформа или без неа. За да изгледате добро доволни ви се класични чевли со високи потпетици.
3. Комбинирање неколку бои


Обидете да избегнувате носење премногу бои бидејќи и најскапа облека може да изгледа евтино ако нијансите не се добро балансирани. Најдобро е да комбинирате најмногу 2 бои.
4. Многу метални детали


Коланите, нитните и боцките можеби изгледаат добро, но понекогаш дизајнерите додаваат премногу од овие детали на чевлите. Сосема е во ред да одберете чевли со неколку нитни, но избегнувајте ги оние со премногу додатоци.
5. Кожни чевли


9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтино
Иако изгледаат добро, овие чевли често се валкаат и се оштетуваат откако ќе ги облечете. Мат чевлите со иста форма ќе изгледаат многу поскапо. Ако сакате светкави кожни чевли, одберете некои со неутрална боја како беж, црна или бела.
6. Леопард принт


Може да биде вистинско искушение да ги купите овие чевли, но е навистина важно да ја одберете вистинската боја. Класичните чевли со леопард принт обично се поврзани со лош вкус за мода. Ако сакате животински принтови, одберете некои со необичен дезен.
7. Неудобни чевли


Секогаш обидувајте се да најдете удобни чевли. Неудобните обувки често изгледаат чудно и имаат лошо влијание на здравјето на грбот и нозете. Дури и ако ги најдете чевлите од соништата, немојте да ги купувате ако се премногу тесни или ако одењето со нив е болно. Нестабилниот од изгледа лошо без разлика колку скапи чевли носете. Покрај тоа и најмалата промена во вашето одење може да ги оштети ѓоновите, а тоа потоа има и лошо влијание на здравјето.
8. Премногу лажна кожа


Многу брендови почнаа да произведуваат чевли со еко кожа, и тоа е одлично. Но популарните продавници кои продаваат обувки од лажна кожа се со многу лош квалитет. Овие обувки изгледаат евтино и брзо ја губат формата. Ако сакате чизми од лажна кожа, најдобро е да одберете некои пониски.
9. Стари чевли


За да оставите добар впечаток, грижете се за вашите чевли и поправајте ги ако има потреба од тоа. Постојат многу начини да ги исчистите чевлите направени од различни материјали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.