Доколку го земете овој сувенир од Скијатос, ќе платите 1.000 евра казна

Каменче од плажа како сувенир може да ве чини 1.000 евра. Доколу се туристите се одлучат од прекрасната плажа Лаларија на грчкиот остров Скијатос да понесат каменче како сувенир, може да платат и до 1.000 евра казна.
Геолозите предупредиле дека континуираното земање на овие камчиња би можело трајно да ја загрози плажата, па поради тоа долж плажата се поставени предупредувања дека нивното земање е казниво.


Властите на островот Скијатос сакале со високите казни да го сочуваат она што природата го чувала со векови. Туристите ги земаат каменчињата во џебовите и на тој начин сериозно го нарушуваат изгледот на плажата позната токму по тој бел чакал кој го заплискува бистрото сино море.
Сајтовите за љубителите на патувањата и туристичките водичи напоменуваат дека казната за оние кои ја игнорираат забраната да земаат чакали како сувенири изнесува од 400 до 1.000 евра.
Меѓутоа не само туристите се криви за овој проблем, многу Грци од Скијатос ги користеле каменчињата на своите домови или за мозаиците во дворовите.
На Лакарија може да и се пријде само од морето, а во светот е позната по блескавиот бел камен, бистрата тиркизна вода и спектакуларните лакови на карпите кои ја опкружуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.