Фенот за коса е опасен по нашето здравје – Еве зошто?

Звукот во позадината на белиот шум кој го произведуваат телевизорот и фенот за коса влијаат на тоа побрзо да старееме, а иако белиот шум помогнува да се маскираат звуците од позадината, тоа влијае на нашиот мозок и примањето на нови информации.
Научниците откриле дека слушањето на белиот шум, дури и кога не е гласен го забрзува процесот на стареење на мозокот и така уништува некои хемикалии кои служат за пренос на информациите.
“Расте бројот на докази кои покажуваат дека мозокот негативно реагира на белиот шум”, вели Муна Атарха од Универзитетот во Ајова.


Белиот шум им се препорачува на пациентите кај кои треба да се сокрие постојаното зуење кое го слушале. Зуењето се јавува кога мозокот на некои лица не е во состојба да го обработи новиот звук кој го слуша. Ова се случува и кога е потребно подолго време некој звук да се препознае.
За сето тоа е виновно распаѓањето на поединечни хемикалии во мозокот кои се оштетуваат со текот на времето. После експериментот изведен со животните, експертите заклучиле дека слично на тоа може да се примени кај луѓето кои се изложени на овој звук дури и на ниско безбедносно ниво.
Иако резултатите се загрижувачки, сè уште е потребно да се изведат некои истражувања за да се утврди во која мерка влијае на стареење кај луѓето.
Ова предупредување доаѓа после одвлекувањето на внимание на поединечни научници дека слушањето на гласна музика може да го оштети слухот кај младите. Според зборовите на експертите, гласната музика која младите ја изложуваат на ушите има иста јачина како и на звукот кога авионот полетува. Безбедната висина на бучава која човековото уво може да ја слуша е во висина од 85 децибели, додека онаа која ја произведува авионот е 110 децибели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.