Полнето пиле

1 пиле
150 г парчиња свежи шампињони
100 г коцки чадена сланина
2 јајца
100 г бајат леб
1 главица кромид
магдонос
1 лажица црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер
Кромидот ситно исечете го и испржете го. Додадете ги шампињоните и откако течноста ќе испари додадете ја сланината. Тргнете ја тавата со запржената сланина од оган. Додадете ги исчениот магдонос и црвениот пипер.
Лебот искинете го на парчиња и омекнете го со вода. Исцедете го и додадете го тавата. Посолете и додадете црн пипер. Додадете ги јајцата и промешајте го филот.
Пилето посолете го и наросете го со црн пипер. Наполнете го со филот и ставете го во тава за печење. Попрскајте го со масло и печете 1 час на 200 степени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.