Сакал да го стигне авионот трчајќи

Полицијата на аеродромот во Даблин утринава имала несекојдневен инцидент.  20-годишен ирски државјанин кој задоцнил на летот на „Рајанер“ за Амстердам го поминал терминалот, излегол на пистата и почнал да трча кон авионот кој се подготвувал за полетување.
Најпрво се обидел да ги убеди вработените на аеродромот да го пуштат, но гејтот бил затворен затоа што веќе авионот се подготвувал за полетување. Потоа тој започнал очајнички да удира по прозорот од терминалот и да му вика на пилотот да го сопре авионот. Со оглед на тоа што авионот продолжил со подготовките за полетување, Ирецот истрчал низ терминалот, ја отворил вратата и излетал на пистата извикувајќи „Чекајте“.
Полицајците веднаш го фатиле и тој веќе се наоѓа во притвор од каде што ќе се соочи со кривична пријава. Поради овој инцидент авионот на летот од Даблин до Амстердам задоцнил 20-тина минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.