Млекото има големо нутритивно значење, како за возрасните, така и за децата
Еден од најзастапените пијалаци, на чија консумација сме навикнале уште од раѓање, е млекото кое изобилува со витамини и минерали корисни за нашето здравје, како и со протеини и јаглени хидрати кои дополнително ја подобруваат функцијата на целиот организам.
Благодарение на тоа, млекото има големо нутритивно значење, како за возрасните, така и за децата. Фосфорот што го содржи млекото помага за зајакнување на коските и дава енергија, витаминот Д ја одржува цврстината на коските, додека витаминот Б12 е исклучително важен за производството на црвени крвни клетки и правилната функција на нервниот систем.

Млекото го содржи и витаминот Б2, кој ја претвора храната во енергија, нијацин кој го одржува нивото на шеќер и масните наслаги, како и витамин А, кој го подобрува имунолошкиот систем.
Една чаша млеко секое утро му обезбедува на телото доволна количина на витамин Д, а тоа е исто како да сте изеле 90 грама лосос, потоа калциум, како да сте изеле помала порција брокули, доволно калиум што можете да го најдете во една банана и исто толку фосфор колку што содржи порција грашок.
Исто така, пиењето млеко пред спиење обезбедува подлабок, помирен и подолг сон, кој е исто така важен фактор за човечкото здравје.


