Дознајте интересни факти за единците во семејството

За единците постојат многу стереотипи и предрасуди. Многу познати личности се единци, како Леонардо да Винчи, Роберт де Ниро, Франк Синатра, Алиша Кис, Ненси Реган, Расел Бренд, Натали Портман…
Науката открила многу интересни податоци за „единците“. Но, многу од нив се меѓусебно контрадикторни, но еве некои од нив кои привлекуваат најмногу внимание.1. Раното истражување од психологијата резултирало со заклучок дека единците се во загуба. Сепак, науката подоцна го побила ова тврдење, дека единците заостануваат во споредба со другите деца.


2. Еден од главните стереотипи за единците е тоа дека се размазени и себични. Таа претпоставка сепак со текот на годините многупати била демантирана.
3. Единците често имаат многу подобри односи со родителите, отколку децата кои имаат браќа и сестри.
4. Единците повеќе време поминуваат во решавање на своите домашни задачи и постигнуваат подобри резултати од другите деца.
5. Единците се повеќе ориентирани на постигнување на целите и често се спремни целосно да се внесат во решавање на проблемите.
6. Студиите покажуваат дека единците почесто разговараат сами со себе, отколку оние кои имаат браќа и сестри. Тоа го прават затоа што доста време поминуваат сами.

Пронајдете не на следниве мрежи: