Лажејќи дека боледува од рак, земала 39.000 долари

27-годишната Луси Виланд од Австралија уапсена е и обвинета дека со лага и на нечесен начин заработила 55.000 австралиски долари (39.000 американски долари) кои ги добивала од разни хуманитарни фондови, лажејќи дека боледува од рак.
Виланд ги користела социјалните мрежи, каде објавувала фотографии и лажни медицински документи во кои покажува како се лекува од рак на јајниците.
Судпт во Таунсвил, Квинсленд, утврди дека таа формирала и сметка со барање за да и се донираат средства за лекување на тешката болест.


Жената била уапсена, откако некој од социјалните мрежи ја пријавил во полиција. Таа на фотографиите се појавува со маска за кислород и во болнички услови како оди со помагала.
На друга фотографија е прикажана додека прима инфузија и без коса, наводно како резултат на терапијата против канцерот.
Не е познато дали партнерот , кој се појавува на дел од фотографиите знаел дека жената ја лажира болеста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.