Тиквичките се вистински синоним за лесно и вкусно јадење. Тие можат да се припремат на најразлични начини и секогаш се неверојатно вкусни.
Денеска ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со пилешко месо. Со тоа ќе добиете лесен, нискокалоричен и здрав оброк.
Потребни состојки:
• 2-3 главици црвен кромид
• 2-3 чешниња лук
• 4-5 тиквички
• 2-3 филети пилешко месо (или еден пилешки стек)
• црвен пипер
• сол и бибер
• доматен сос
• 200 мл. кисела павлака
Припрема:
На масло пропржете го црвениот кромид, а потоа додадете го лукот. Тиквичките измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги за да добиете облик на чамец. Издлабениот дел од тиквичките исечкајте го на коцки и додадете го во тавата.
Пилешкото месо исечкајте го на коцки и пропржете го во посебна тава, а потоа додадете го на претходната смеса. Сè заедно динстајте додека не испари водата, додадете го црвениот пипер и зачинете со сол и бибер.
Со вака подготвената смеса наполнете ги тиквичките, ставете ги во огноопторен сад и пред печењето прелијте ги со доматен сос. Кога тиквичките ќе се запечат, извадете ги од рерна, додадете ја киселата павлака врз нив и вратете ги во рерна да се допечат.