Известувачот во Европскиот Парламент за Македонија, Иво Вајгл вели дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти, пред да се коментира барањето азил на Никола Груевски.
-Треба да се почекаат фактите, официјалните изјави од унгарските органи и тогаш да се изгради слика. Секако, во ЕУ постои јасно изразен политички однос кон состојбата и почитувањето на правната држава во Унгарија, тоа е познато. Не верувам дека овој случај битно ќе влијае врз таа слика, но ќе биде предмет на интересирање на медиумите и во Унгарија и надвор од неа, изјави Вајгл.
Тој смета дека бегството на поранешниот премиер не би требало “непосредно“ да влијае врз евроатлантскиот пат на Македонија.
– На други места се одлучува за тоа, пред сѐ во Собранието со активниот однос кон договорот со Грција, и за тоа одлучуваат на индивидуално ниво и пратениците во Собрание кои мораат да знаат дека во прашање е иднината на нивната земја и дека не е време за тактички приоритети.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.