Дали се слабее од зелен чај, јаболков оцет и кокосово масло?

Луѓето секогаш бараат некој нов начин како да ги намалат килограмите, а тука се многу профитери и квази- експерти кои нема да ви ја кажат вистината. Постојат неколку производи и начини што скоро сите луѓе ги знаат како производи со чија помош се слабее, а особено зелениот чај, јаболковиот оцет и кокосовото масло, но која е вистината? Што содржат тие? На кој начин делуваат врз вашето тело?
Јаболков оцет


Истражувањата сугерираат дека пиењето малку од овој оцет пред јадење, само може да ви помогне да се чуствувате заситено, со што, нема да се прејадете и можеби ќе ослабете. Во истражување објавено во Journal of Functional Foods, резултатите велат дека јаболковиот оцет исто така помага да се ослободи шеќер во крвта, со што се подобрува инсулинската сензитивност. Оцетот може да ја забави апсорпцијата на шеќер од оброкот во крвотокот, со што помага шеќерот да не се качи на високо ниво. Но, постои можност, оцетот бидејќи е многу кисел, да го иритирате грлото и да ја оштетите забната глеѓ.


Зелен чај
Според студија во American Journal of Clinical Nutrition, учесниците кои пиеле чај кој бил збогатен со екстракт од зелен чај, изгубиле повеќе повеќе телесни масти, отколку оние кои пиеле друг чај кој немал екстракт од зелен чај. Зошто? Зелениот чај е богат катехини, кои се анти-воспалителни и може да помогнат во борбата против ракот, а неодамнешните истражувања сугерираат дека неговите состојки влијаат на нивото на масти. Со други зборови, катехините можат да ви помогнат да согорите екстра калории, додека согорувате и масни наслаги.
Кокосово масло
Кокосовото масло се наметнува како потенцијален производ за слабеење (неколку студии сугерираат дека при конзумирање на 30 милилитри во период од еден до четири месеци, помогнало да се намали обемот на половината на учесниците), но нема многу истражувања кои ја потврдуваат идејата дека со него се слабее. Кокосовото масло е полно со заситени масни киселини, кои можеби се поздрави од заситените масни киселини кои ги нема во млечните поризводи и местото, но има високо на калории, околу 115 калории во една супена лажица. Сепак, можеби е здрав продукт да го внесувате во вашата исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.