четврток, 12 ноември 2026
Најново

Изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пред куќата во која живее Миле Зечевиќ на улицата “Генерал Михајло Апостолски“, во скопската населба Карпош 1 во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“. Опожарениот автомобил е во сопственост на неговата сопруга. Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат. Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.
Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ. Во 2006. година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, во времето кога тој беше министер за одбрана.

Поврзани вести