Полнети лигњи

1 кг лигњи
300 г пелати (конзервирани домати)
200 г варен ориз
200 г парчиња маринирани шампињони
2 главици кромид
100 мл бело вино
2 лажици исечен магдонос
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Лигњите исчистете ги, измијте ги и исечете им ги пипците.
На врело масло запржете ги ситно исечените пипци, шампињоните и кромидот.
Доматите изгмечете ги со виљушка за да направите каша. Додадете ги магдоносот, сол, црн пипер, сувиот зачин, оризот, виното и малку вода. Варете додека течноста не испари и со филот наполнете ги лигњите.
Наредете во намрсена тава и намачкајте ги со масло. Печете 40 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.