По вчерашниот коментар на својот Фејсбук профил во кој Каракачанов напиша дека „македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик“ денес со одговор излезе македонското Министерство за надворешни работи. Во него се вели дека изјавата на бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и наместо пријателство ќе создава непријателство.
-Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, соопшти МНР.


